Следете не

Временска прогноза

Зимски амбиент среде пролет? Попоски најавува засилен ветер, грмежи и повеќе дожд – ова се најновите метео детали..

Објавено пред

на

Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, а ќе дува и умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец со брзина од над 80 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени локални послаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски за Еспресо.мк

Според Попоски, до самиот крај од оваа, како и во почетокот од следната недела под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран, времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

До недела ќе дува засилен, до повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец, локално со брзина од над 80 км/час. На некои места и тоа особено утре и во сабота ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. За време на викендот пак на планините на запад, како и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека пад на истите за неколку степени се очекува од недела па натаму кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Временска прогноза

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jason Miller

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.

Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).

На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Yevhenii Dubrovskyi

Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.

И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.

Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од  7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна...

Кичево9 часа

Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“

Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи....

Култура9 часа

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Временска прогноза10 часа

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември)...

Технологија10 часа

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија22 часа

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија1 ден

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин1 ден

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија1 ден

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

НАЈЧИТАНИ