Македонија
На Зоки сме му потребни, да ја покажеме нашата хуманост и да донираме!
Популарниот јутјубер Стефан Лазаров започнува нова битка за здравјето на популарниот Зоки Фаци. Имено според соопштението, на Василевски му е дијагностициран тумор од 25cm и истиот треба да се отстрани во најбрз можен рок, така што сега сме најпотребни од било кога.
Да донираме на сметката за донации, а во постапка се најавени и донаторски броеви, додека предмалку може да се донира и преку мрежата на Ecrowd – ТУКА
Банкарска сметка НБЛ: 210501595513764
Назив : Зоран Василевски
Да ја покажеме уште еднаш нашата хумана страна, да донираме уште веднаш!
Македонија
Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.
При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки акцизни марки.
Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.
За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.
Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.
Државниот пазарен инспекторат истакна дека ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.
Македонија
Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица
На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверки во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 332 парчиња риба-белвица.
Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Јанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
Во Тирана, Албанија, се одржа регионален стратешки состанок организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на законот, на кој учествуваа претставници од повеќе земји од регионот, меѓу кои и Република Македонија.
На средбата се разгледуваа предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, организираните транснационални групи и нелегалните финансиски текови – проблематики што остануваат во фокусот на регионалните безбедносни политики.
Учесниците усвоија низа заклучоци кои предвидуваат зајакнување на регионалната координација, развој на нови оперативни механизми и предлог-иницијативи за подобра размена на информации и поефикасни заеднички акции. Според организаторите, ваквите состаноци имаат цел да ја зголемат подготвеноста на државите во справувањето со современите безбедносни ризици.

Регионален стратешки состанок во Тирана, Албанија
Македонската делегација предводена од директорот на БЈБ, г-дин Александар Јанев, началникот на „РЦ Запад“ г-дин Љупче Спироски и останатите, истакнаа дека приоритет останува превенцијата и навременото откривање на криминални мрежи како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво. Дополнително беше нагласена потребата од создавање постабилна и побезбедна средина за граѓаните, без разлика на нивната мобилност низ регионот.
Учесниците заклучија дека регионалната соработка и довербата меѓу полициските служби се клучни за јакнење на безбедноста, како во Западен Балкан, така и во поширокиот европски безбедносен простор.
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Кичево12 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево1 ден„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Спорт2 денаМакедонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
-
Македонија6 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Македонија1 денЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон

