Следете не

Култура

Зошто паричката не се става во лебче на празникот „Бадник“ туку за празникот „Василица“

Објавено пред

на

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти  принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“

Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати,  па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син.

Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа.

Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето.

Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија.

Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она  што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Култура

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Објавено пред

на

©porta.mk

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници

Објавено пред

на

ФОТО: Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ и оваа слава беше посетен од голем број на верници на патрон празникот на Рождество на Мајката Божја.

Исто така недела ден беше посебен затоа што Манастирскиот кум Цане Ѓорѓијоски послужи манастирски ручек и изврши примопредавање на кумството на новиот кум, г-дин Димитрија Крпачоски.

Во прилог мал дел фотографии кои ги одбележаа овие празнични денови:

Прочитај повеќе...

Култура

За многу години Рождество на Пресвета Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се одбележува Раѓањето на Пресвета Богородица – празник познат како Мала Богородица, кој припаѓа на редот на големите празници во црковната година.

Според преданието, Светата Дева Марија била родена од Јоаким и Ана, праведни и побожни луѓе од Назарет. Иако долго време немале пород, по повеќе од педесет години брак, Господ им ја подарил ќерката Марија – благослов кој се смета за плод на нивната вера и добродетелност.

Култот кон Богородица е длабоко вкоренет во духовноста на македонскиот народ. Многу храмови низ земјата се посветени токму на неа, а бројни преданија зборуваат за чудотворни икони со нејзиниот лик. Народната традиција го поврзува овој ден со обичаи што симболично го величаат животот и новото раѓање.

Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и породилките, па жените што очекуваат потомство ѝ се обраќаат со молитви за лесно раѓање, а таа им пружа утеха и на оние што немаат деца.

Веднаш по овој празник, на 22 септември, Црквата го чествува споменот на светите Јоаким и Ана – родителите на Пресветата Богородица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Dominik @ unsplash Фото: Dominik @ unsplash
Lifestyle11 часа

За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок

Со текот на времето, фугите меѓу плочките потемнуваат, стануваат валкани и тешко се чистат. Наместо да користите силни средства како...

Магазин12 часа

(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија

По дваесет и пет години враќање „на изворот“, со благослов на нашиот старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј во Бигорскиот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Македонија1 ден

Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг1 ден

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

Фото: Nick Collins @ unsplash Фото: Nick Collins @ unsplash
Lifestyle1 ден

5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака

Тиквата е една од најздравите есенски намирници, богата со хранливи состојки и корисна за целото тело. Сè што треба да...

Фото: Mara Cotta @ pexels Фото: Mara Cotta @ pexels
Lifestyle1 ден

Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие

Кога мирисот на свежо сварен џем од јаболка ќе се прошири низ кујната, тешко е да се остане рамнодушен. Овој...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин2 дена

Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!

Microsoft официјално објави дека новата верзија Windows 11 25H2 сега е достапна за сите корисници на Windows 10 и за...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин2 дена

Apple го претстави првиот M5 чип

Американскиот технолошки гигант Apple официјално го претстави својот најнов M5 чип, кој ќе го движи следниот бран на уреди, вклучувајќи...

Временска прогноза2 дена

Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно,...

НАЈЧИТАНИ