Култура
Зошто паричката не се става во лебче на празникот „Бадник“ туку за празникот „Василица“

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.
Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.
Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“
Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.
Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син.
Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа.
Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.
Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето.
Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија.
Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.
Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.
Култура
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.
Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.
Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.
Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.
Култура
Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Култура
Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.
Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.
Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.
„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !
Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.
На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…
За многу години!
Бог се јави!
Навистина се јави!
Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет12 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео12 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..