Спорт
Нека биде загревање! Нашата репрезентација загуби од Романија и пропушти минимален бод, ФФМ додели 40,000 евра премија за поттик кон успеси!
Македонската А репрезентација загуби со 3:2 од Романија во Букурешт во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Пропуштивме голема прилика да останеме непоразени на Националната арена во Букурешт. Аријан Адеми и Александар Трајковски ги постигнаа головите за Македонија и надополнивме негатива од 2:0, но Хаџи со погодок во 86. минута им донесе победа на домашните.
Првата вистинска прилика за отворање на резултатот не ја искористи Илија Несторовски во 8. минута од мечот. Нашиот напаѓач беше одлично проигран од Алиоски, но од десетина метри, Несторовски лошо шутираше, а не успеа да го совлада домашниот голман ниту во вториот обид во продолжение од акцијата.
Романија во 17. минута се закани со удар на Денис Ман, шутираше од работ на шеснаесетникот, но сигурен на голот беше Столе Димитриевски. Нашиот голман одлично реагираше и минута подоцна по шутот од далечина на Банку.
Горан Пандев во 22. минута одлично реагираше во шеснаесетникот на Романија, но неговиот лоб удар заврши малку над пречката од голот на домашните.
Во 28. минута Романија го отвори резултатот. Флориан Танасе одлично беше проигран во нашиот шеснаесетник и биеше прецизно во мрежата на Димитриевски. Кирикеш беше асистент на погодокот за 1:0.
Во 33. минута, Елиф Елмас се најде во прекрасна шанса по проигрување од Пандев, но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата на романците.
Нова добра прилика пропуштивме пет минути подоцна преку Илија Несторовски. Николов нафрли, но ударот со глава на Илија Несторовски го одбрани домашниот голман.
2:0 за Романија во 50. минута. Еврогол на Валентин Михаила. Шутираше силно и прецизно од 20-на метри од голот на Димитриевски.
По еден час игра, Димитриевски одбрани чиста шанса за романците преку Кушеру. Минута подоцна Енис Барди се обиде по соло акција, но биеше надвор од рамката на домашниот гол.
Нашата репрезентација не успеа да го загрози голот на Романија ниту по ударот од прекин на Барди во 67. минута, а одново Димитриевски беше одличен на спротивната страна откако Михаила влезе во шанса за 3:0.
Во 73. минута, нова сто процентна прилика за македонската репрезентација. Аријан Адеми беше одлично проигран од Пандев, но Нита беше внимателен на голот.
Романија пропушти две нови прилики за трет гол преку Банку и Хаџи.
Во 83. минута конечно Македонија преку Аријан Адеми по нафрлување на Алиоски, а во 84. минута Александар Трајковски израмни на 2:2 по асистенција на Барди.
Сепак, Јанис Хаџи во 86. минута повторно им носи предност на домашните фудбалери. Шутираше прецизно во мрежата на немоќниот Димитриевски.
До крајот од натпреварот не успеавме да постигнеме гол и да избегнеме пораз од Романија.
МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 2. Егзон Бејтулаи, 4. Кире Ристевски, 6. Висар Муслиу, 8. Езѓан Алиоски, 13. Стефан Ристовски, 16. Бобан Николов (54` Аријан Адеми), 17. Енис Барди, 21. Елиф Елмас, 10. Горан Пандев (78` Александар Трајковски), 23. Илија Несторовски (54` Влатко Стојановски); Селектор: Игор Ангеловски

Фудбалската федерација на Македонија, и покрај поразот од Романија на стартот од квалификациите за СП 2022, ќе им додели премија на репрезентативците во висина од 40.000 евра.
Како што извести претседателот на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини поради одиграниот квалитетен фудбал според сите очекувања иако несреќно поразени, Федерацијата доделува 40,000 евра премија дополнителен поттик за успешно продолжување во патот кон квалификациите за СП 2022 иако ова е само почеток.
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.
Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.
Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.
Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.
Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;
Селектор: Кирил Изов.
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.
Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.
Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.
Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!
-
Кичево2 денаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Кичево16 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин12 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија1 денЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Кичево13 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаПовторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија
