Следете не

Автомобили

Според анализа на 720.000 половни возила на продажба, германски портал утврди дека нивната цена на пазарот вртоглаво расте

Објавено пред

на

Цените на користените автомобили во Германија растат постојано од јули минатата година и сега се дури и над нивото пред кризата. Веста ја објави германскиот портал за продажба на користени возила Mobile.de. Порталот ги анализираше цените на 720.000 автомобили што беа во продажба или се уште се во продажба.

Цените на користените автомобили растат постојано од јули минатата година и сега се дури и над вредностите од 2019 година, причината за тоа се тврди дека е време на криза, на луѓето им е потешко да одлучат да купат нов автомобил, и дека многумина проценија дека опцијата за возење со сопствен автомобил е побезбедна од јавниот превоз.

Автомобили

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

Објавено пред

на

Фото: Charlie Deets @ unsplash
Фото: Charlie Deets @ unsplash

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на Model 3 и Model Y, експертите сметаат дека намалувањето на цената нема да донесе драматичен раст на продажбата.

Нови поевтини верзии на Model 3 и Model Y

Во „стандардна“ конфигурација, Model 3 и Model Y се поевтини за 5.000 долари, што ги прави достапни по цени од 37.000 и 40.000 долари на американскиот пазар.

Сепак, аналитичарот Ден Ивс од Wedbush е разочаран од скромното намалување, истакнувајќи дека поевтините верзии сè уште се поскапи од претходната цена на посилните модели. Дополнително, до крајот на септември во САД важеше федерален даночен кредит од 7.500 долари за електрични возила. Со него, Model 3 ќе чинеше под 30.000 долари, што ќе претставуваше силен мотив за купувачите.

Инвеститорите не се убедени

Бидејќи даночниот попуст повеќе не е достапен, инвеститорите се сомневаат дека новите верзии ќе предизвикаат значајно зголемување на продажбата. Падот на цената на акциите веднаш по најавата ја потврдува нивната резерва.

Аналитичарот Шеј Болур од Futurum Equities, во изјава за NY Post, вели дека не очекува ценовното намалување да има големо влијание врз побарувачката.

Конкуренцијата од Кина и предизвиците на Маск

Tesla се соочува со сè посилна конкуренција од кинеските производители на електрични возила, кои полека освојуваат поголем дел од глобалниот пазар. Дополнителен притисок врз компанијата создаваат и политичките ставови и јавните настапи на извршниот директор Илон Маск, кои според аналитичарите носат повеќе штета отколку корист.

Компромиси кај поевтините модели

Стандардните верзии на Model 3 и Model Y доаѓаат со неколку ограничувања:

  • опсег до 516 км,

  • побавно забрзување во споредба со Premium изданијата,

  • без LED светлосни ленти напред и назад,

  • без амбиентално осветлување,

  • без екран на допир за патниците назад,

  • намален број на звучници,

  • поскромен квалитет на тапацирот,

  • нови 18-инчни тркала.

И покрај тоа, возилата остануваат модерни и атрактивни за оние кои бараат пониска цена за влез во Tesla светот.

Испораки и идни планови

Нарачките за новите верзии веќе се достапни во САД, а испораките ќе започнат меѓу декември оваа година и јануари следната.

Со оглед на тоа што Илон Маск претходно се откажа од амбициозниот „Model 2“, кој требаше да чини околу 25.000 долари, моментално Model 3 со цена од 36.990 долари останува најприфатливиот автомобил од Tesla.

Извор: Zimo

Прочитај повеќе...

Автомобили

Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил

Објавено пред

на

Фото: Joshua Koblin @ unsplash
Фото: Joshua Koblin @ unsplash

Ferrari уште еднаш го потврдува статусот на најпрофитабилен автомобилски бренд во светот. Според финансиските резултати за првата половина од 2025 година, италијанскиот производител остварува 118.124 евра профит по продадено возило.

Ова е за речиси 10.000 евра повеќе од истиот период лани, со што Ferrari ја зацврстува својата доминација кога станува збор за заработка по автомобил.

Колку им треба на другите?

Анализата вклучи 34 производители, но никој не му се доближи на Ferrari. Најблиску беше Jaguar Land Rover (JLR), но и таму е потребно да се продадат 23 автомобили за да се достигне профитот што Ferrari го остварува со само еден.

Меѓу германските премиум марки ситуацијата е следна:

  • Porsche – 24 автомобили за едно Ferrari

  • Mercedes – 47 автомобили

  • BMW – 58 автомобили

Кинеските производители, и покрај масивните инвестиции, остануваат далеку од врвот.

Американски и јапонски падови

Големите западни компании како Ford и Mitsubishi бележат значителен пад на профитабилноста. Тоа е сигнал за сериозни предизвици во сегашниот пазарен контекст.

Компаниите со загуба

Состојбата е уште потешка кај брендовите кои завршија со негативен биланс во првата половина на 2025 година. Во загуба работат:

  • Mazda

  • Nissan

  • Xpeng

  • Stellantis

  • Volvo

  • Renault

  • Nio

  • Polestar

  • Rivian

  • Aston Martin

  • Lucid

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Bentley го враќа класичното купе со V8 мотор и погон на задни тркала

Објавено пред

на

Фото: Victor Furtuna @ unsplash
Фото: Victor Furtuna @ unsplash

Bentley не се откажува од електрификацијата, но реши дека октанските адути сè уште имаат свое место.

Supersports повторно се враќа

Производителот потврди дека подготвува нова, поекстремна верзија на Continental GT, која најверојатно ќе ја носи ознаката Supersports.
Моделот ќе добие:

  • редизајнирана каросерија,

  • поагресивен стил,

  • мерки за намалување на масата.

За разлика од хибридниот погон со 4×4, овој автомобил ќе користи рафиниран битурбо V8 мотор кој ја испраќа моќноста само на задните тркала.

Првиот тизер видео-клип веќе откри дел од изгледот и препознатливиот звук на моторот. Бентли ја придружи премиерата со порака:
„Враќањето на легендарното име во семејството Бентли е неизбежно, 100 години по неговото прво претставување. Ова ќе биде редок автомобил, подготвен за перформанси.“

Агресивен и динамичен дизајн

Моделот е инспириран од прототипите забележани од „шпионски“ фотографи, но сериската верзија изгледа уште порадикално:

  • преден браник со огромни отвори за воздух и истакнат сплитер,

  • страничен профил со црни алуминиумски тркала,

  • заден фиксен спојлер, дополнителни аеролинии и масивен дифузер со четири издувни цевки.

Моќ и перформанси

Иако официјалните бројки сè уште не се објавени, се очекува:

  • 4,0-литарски V8 битурбо мотор со околу 650 КС,

  • тежина намалена на околу 2.000 кг,

  • задниот погон и суспензијата да понудат поостро и поигриво возачко искуство.

Иако е послаб од GT Speed PHEV (770 КС) и претходниот Supersports W12 (710 КС), фокусот е ставен на чистото уживање во возењето, а не на „трката со коњски сили“.

Цена и ексклузивност

  • ќе се произведува во ограничен број примероци,

  • цената ќе биде значително повисока од Continental GT Speed (280.000 €),

  • се очекува новиот Supersports да чини над 300.000 €.

Извор: Index

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија11 часа

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт11 часа

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт15 часа

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа! Извор: ФФМ

Временска прогноза1 ден

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе...

Скопје1 ден

Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место

Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе...

Кичево1 ден

Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (10 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево2 дена

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија2 дена

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

НАЈЧИТАНИ