Временска прогноза
Заладување на времето проследено со врнежи од дожд, стабилизација од следната недела..

Времето денеска во нашата држава ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места, особено на север ќе има врнежи од снег. Во северните и северозападните предели снежната граница локално има услови да се спушти и под 1000 метри.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, што значи истите ќе бидат пониски за разлика од денешните дури за околу 10 степени.
Во Скопје и околината, особено попладне и во текот на ноќта, ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на околните повисоки планини ќе има услови за врнежи од снег, додека максималната дневна ќе се искачи до околу 10 степени.
Стабилизирање на времето како и пораст на температурите се очекува на почетокот од следната недела.
Автор: Славчо Попоски
Фото: Pexels
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблеж за пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Временска прогноза17 часа
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Lifestyle2 дена
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров
-
Магазин1 ден
Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена
-
Временска прогноза24 минути
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблеж за пожарите