Музика
„На Велигден“ е новата песна на кичевчанецот Мики Данилоски и групата „Бели Мугри“ во пресрет на најголемиот христијански празник

Во пресрет на најголемиот Христијански празник „Велигден“, кичевчанецот Мики Данилоски заедно со музичкиот состав „Бели Мугри“, ексклузивно ја промовираше својата најнова песна, токму со наслов „На Велигден“, чиј автор е самиот изведувач, од свој извор, длабоко од душа, сакајќи притоа да допре до секој Христијанин во овие тешки мигови.
– Мики Данилоски беше доста активен во изминатиов период, заедно со групата „Бели Мугри“ и останатите соработници, промовирајќи неколку нови песни и една преработка, за кои има и официјални видео записи кои може да се погледнат на YouTube мрежата ТУКА
Во услови кога нема можност за настапи, Мики во целост се посветува на авторските песни за кои, ни открива дека главната инспирација ја црпи од секојдневието, твори постојано и има многу песни кои „чекаат во фиока“ за да бидат соодветно обработени и презентирани пред Македонската публика.
Кичевчанецот заедно со групата „Бели Мугри“ чекор по чекор се подготвува за својот деби албум на нашата традиционална фолк музичка сцена, додека во меѓувреме уживајте во најновата песна „На Велигден“ која верувајте, ќе ви ги згрее срцата и ќе ви ја наполни душата.

Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје23 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза1 ден
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Временска прогноза5 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Македонија1 час
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Lifestyle2 часа
5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?
-
Lifestyle2 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена