Музика
(ВИДЕО) Слушнете ја најновата песна на „Дац & Александар Митевски“ – „Вакцина“ за позитивна енергија

Тоа се зборовите од најновиот хит на распеаното дуо, составено од актерот Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски наречена „Вакцина“. На роденденот на „Корона Чао“ тие направија нов кавер на светски познатата „Марина“ од Роко Граната и како духовита химна за масовна вакцинација со позитивна енергија. Тие пејат заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко, а песната веќе стана хит на социјалните мрежи и се слуша на радио станиците.
– Велат дека „песната е составена од пораки на viber, a видеото е снимено со телефонот на Дац“ спонтано додека сите биле собрани за снимање. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со „Корона Чао“.
Нивната мисија на ширење љубов и позитивна енергија и секако поддршка на здравствените работници во ова време-невреме продолжува, а тие се сигурни дека сега кога ја имаат “вакцината”, тоа ќе им оди побрзо.
Уживајте во новиот хит кој нема да ве остави рамнодушни и сигурно ќе ве насмее.
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете