Спорт
Сејдини на состанок со градоначалникот на Прилеп, додека Управниот одбор одлучи за датумите на финалните натпревари од Купот на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на У.О. Марјан Стојкоски денеска во „Куќа на фудбалот“ оддржаа состанок со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
На конструктивниот состанок во Фудбалската федерација на Македонија, претставниците на двете институции разговараа за понатамошна соработка која се однесува на идна поддршка на федерацијата поврзана со фудбалската инфраструктура во Прилеп.
Фудбалската федерација на Македонија во август лани со средства од „Хет-трик“ програмата на УЕФА го финансираше и целосно го заврши поставувањето на нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
– Се радувам на продолжувањето на соработката со Фудбалската федерација на Македонија. Ние како општина сме исклучително задоволни од соработката со ФФМ. Раководството и Управниот одбор на федерацијата навистина прават големи напори стадионот во Прилеп да биде репрезентативен со целосна категоризација за одигрување меѓународни репрезентативни и клупски натпревари.
Ги прифаќаме и забелешките и сугестиите за потребата од квалитетно одржување на теренот и завршување на финалната фаза од работите во потрибинскиот простор за конечно стадионот да го добие својот вистински фудбалски лик.
Исто така, за нас е важни и реакциите од нашите сограѓани кои позитивно гледаат на целиот проект и сите заедно со нетрпение го очекуваме првиот натпревар на ФК Победа на новиот „Гоце Делчев“. Се разбира, заедно да ги бодриме кога ќе заврши пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Заедно со ФФМ и ОФС Прилеп потврдивме дека ја подобруваме фудбалската инфраструктура и ќе продолжиме во таа насока. Оваа прилика ја користам и да упатам честитка до Муамед Сејдини и Управниот одбор за нивниот избор во ФФМ и да им посакам успешна работа во иднина, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Притоа како што наведуваат од ФФМ на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
У.О. на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција да се одигра на 19. мај 2021. година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
У.О. на ФФМ донесе одлука финалните натправари од Купот на Македонија во младински конкуренции да се одиграат на 25. и 27. мај 2021 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
– Куп на Македонија (помлади пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
– Куп на Македонија (пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
– Куп на Македонија (кадети), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
– Куп на Македонија (младинци), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров;
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Хроника21 час
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево23 часа
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија18 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија2 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Технологија10 минути
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони