Следете не

Спорт

УЕФА ги промени градовите „домаќини“ за Европското првенство. Севиља, Санкт Петербург и Лондон ќе бидат дел од мундијалот

Објавено пред

на

Извршниот одбор на УЕФА денеска преку видеоконференција донесе одлука за промена на градовите домаќини на Европското првенство 2020. Четири натпревари кои според програмата требаше да се одиграат во шпански Билбао се преместуваат на стадионот во Севиља, а три меча кои требаше да се одиграат во Даблин се прераспределени во Санкт Петербург и Лондон.

Извршниот одбор на УЕФА ја потврди организацијата на ЕУРО 2020 во Минхен и ја прифати одлуката на локалните власти за присуство на најмалку 14.500 гледачи на натпреварите во Минхен. Автономната покраина Андалузија ја поддржа Севиља како домаќин и прифати присуство на 30 отсто од капацитетот на стадионот за три натпревари од групата Е и еден осминафинален меч.

Три натпревари од групата Е кои требаше да се одиграат во Даблин се пренасочуваат во Санкт Петербург. Мечот од осминафиналето кој требаше да се одигра во Даблин ќе се игра на Вембли во Лондон.

Кога е во прашење Билбао, после одлуката на локалните власти беше јасно дека навивачи веројатно нема да можат да присуствуваат на натпреварите во тој град и УЕФА со помош на Шпанската фудбалска федерација предложи замена на градот домаќин.

–  Внимателно соработувавме со националните федерации и локалните власти за да осигураме безбедна и празнична атмосфера на првенството. Навистина сум задоволен што ќе можеме да пречекаме гледачи на сите натпревари ширум континентот, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Спорт

(ВИДЕО) Лудница во „Хунгароринг“: Хамилтон покрај прекинот продолжи, па падна на последно место

Објавено пред

на

Трката во Формула 1 за ГН на Унгарија беше прекината поради инцидент во првиот круг во кој учествуваа неколку возачи. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон стартуваше од пол -позицијата, го одбрани водството, а потоа следеше инцидент.

Во толпата се откажаа Ботас, Шарл Леклер од Ферари, Серхио Перез од Ред Бул и Ленс Строл од Астон Мартин. Во тие моменти Хамилтон беше прв, пред Естебан Окон од Алпин и Себастијан Фетел од Астон Мартин, така што по нешто помалку од половина час, трката продолжи

Клучните моменти погледнете ги во видеата подолу:

ФОТО: printscreen / youtube

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Место за три екипи за учество во натпреварувањата во Втората Футсал лига за сезона 2021/2022

Објавено пред

на

Пријава за учество во натпреварување во Втора Футсал лига за сезона 2021/2022 за пополнување на три слободни места.

Краен рок за пријавување за учество во Втора Футсал лига е на 15.08.2021 година – објавуваат од ФФМ.

Документацијата за учество може да ја превземете на следниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

На 8 август започнува првата македонска фудбалска лига од новата натпреварувачка сезона, одреден распоред на натпревари

Објавено пред

на

Во „Куќа на фудбалот“ денеска беше одржана ждрепка и одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во ПРВА македонска фудбалска лига.

Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци против Тиквеш. Екипата на Брегалница воведниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против  Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.

Натпреварите од 1. круг ќе се одиграат на 8. август со почеток во 17:30 часот.

Во продолжени распоредот на натпревари до 22. коло, односно до започнувањето на третиот круг натпревари.

Не очекува многу возбидливи натпревари, додека целосниот распоред може да го погледнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КултураПред 9 часа

Денес е големиот празник „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Големиот македонски празник Илинден најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата...

На денешен денПред 9 часа

На денешен ден – 2 август

1100 – Англискиот крал Вилијам Втори, син на Вилијам I Освојувачот, е убиен со стрела во шумата за време на...

МакедонијаПред 14 часа

Стојне Николова вечерва со македонците во дворот на храмот св.Илија во с.Крклино

Супер атрактивната фолк дива Стојне Николова со придружба на маестро Бобан Мојсовски и бендот вечерва ги обедини македонците ширум Македонија...

ХороскопПред 14 часа

Хороскоп за денес (2 август) понеделник

ОВЕН Се чувствувате среќно и полетно, но не заборавајте – кој високо лета, ниско паѓа. Не претерувајте со полетување наеднаш,...

СпортПред 21 час

(ВИДЕО) Лудница во „Хунгароринг“: Хамилтон покрај прекинот продолжи, па падна на последно место

Трката во Формула 1 за ГН на Унгарија беше прекината поради инцидент во првиот круг во кој учествуваа неколку возачи....

МакедонијаПред 23 часа

Вчера санкционирани 327 возачи кои возеле пребрзо, додека 107 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената,...

СветПред 1 ден

СЗО: Во светот дури милијарда корисници пораст на е-цигарите

Глобалните напори за контрола на тутунот доведоа до значителен напредок во намалувањето на пушењето и заштитата на здравјето на луѓето...

ХороскопПред 2 дена

Месечен Хороскоп (август)

ОВЕН Време е за проценка на задоволството со вашата работа и дали постојат шанси за напредок. Односите со колегите можат...

Временска прогнозаПред 2 дена

Екстремно високи температури, во понеделник топлотен бран!

Нашата држава поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза, така ќе се задржи и понатаму...

СветПред 2 дена

(ВИДЕО) Полската полиција имаат метод за возачите на кои им се брза

Полската полиција има совршен метод за оние учесници во сообраќајот кои не го почитуваат законот за безбедност при возење. На...

НАЈЧИТАНИ