Спорт
По два дена конечно се огласи и Барселона во однос на „Супер Лига“

Само два дена по основањето на Европската Супер лига, конечно добивме реакција од Барселона. Каталонскиот гигант официјално не исчекори, бидејќи тоа го сторија сите англиски клубови, и Интер и Милан, а тој сепак ја држи тезата дека ЕСЛ е неопходен натпревар. Претседателот Лапорта говореше и го објасни својот поглед на ситуацијата што создаде вистински „земјотрес“ во светот на фудбалот.
„Апсолутно е потребно големите клубови да го изразат својот став за распределбата на добивката. Ние ги поддржуваме националните лиги и ќе го продолжиме дијалогот со УЕФА. Големите клубови придонесуваат најмногу, па затоа треба да добијат толку многу за возврат“ – изјави Лапорта за ТВ3.
Потоа продолжи да ја поддржува оваа идеја, иако девет од 12-те клуба се откажаа, и скоро целиот свет е против. “Настапуваме трезвено и мудро. Супер лигата е апсолутно неопходна, но нејзините членови ќе го кажат последниот збор на крајот. Големите клубови придонесуваат најмногу и соодветно на тоа мора да учествуваат во дистрибуцијата на премии. Суперлигата мора да биде атрактивно натпреварување,засновано на спортски заслуги. „Ние сме отворени за дијалог со УЕФА. Мислам дека ќе постигнеме договор. Потребни ни се повеќе ресурси за да го направиме шоуто, а Суперлигата ќе биде тоа“.
“Некои клубови беа изложени на притисок, но предлогот да се приклучи на Суперлигата сè уште постои, и затоа проектот е сè уште жив. Инвестициите во него се многу важни, а платите се огромни и сето тоа мора да се земе предвид, исто така како спортска заслуга “, заклучи Лапорта.
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Кичево10 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Македонија2 часа
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Храна19 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје19 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди
-
На денешен ден10 часа
На денешен ден – 13 мај