Lifestyle
Одржливиот бренд за облека „HOPE“ на кичевчанката Ангела М во денешниот разговор за Порта
„НОРЕ“ е брендот на кичевчанката Ангела M. која преку нејзините креации сака да ја покрене свеста за последиците од случувањата во модната индустрија. Таа во интервју за нашиот портал вели дека Модната индустрија е една од главните загадувачи на планетата, поради полиестерот (пластика) која се употребува за создавање облека, токсичните бои кои се користат за боење на облеката, масовното производство, милиони непродадени парчиња кои завршуваат во отпад или се спалуваат, и милиони купени парчиња облека облечени само еднаш и фрлени во отпат.
Само 1% од создадената облека се рециклира.
За да произведете една конвенционална памучна маица потребни се повеќе од 2500 литри вода. Таа вода најчесто се добива од блиските езера и реки, што предизвикува
осиромашување на околните екосистеми. За производство на една маичка од органски одгледуван памук се користи 90% помалку вода од околните расурси, бидејќи при неговото производство најчесто се користи дождовната вода. Одгледувањето на конвенционалниот памук фундаментално ги нарушува околните екосистеми, додека органските полиња се дом за многу животни како пчели, пеперутки и птици. На органските полиња има од 50% до 75% поголемо присуство на пчели.

Токсичните супстанции кои се користат при одгледувањето и преработката на конвенционалниот памук имаат катастрофално влијание врз земјоделците и луѓето вклучени во процесот на производство на облека.
Хемикалиите кои се вдушуваат или лесно навлегуваат преку кожата предизвикуваат рак, труење, астма, спонтан абортус или дефекти кај бебињата кои ќе се родат.
Според СЗО поради употреба на пестициди годишно умираат над 20,000 луѓе.
Хемиските средства кои се користат при производстово на конвенционалниот памук не влијаат штетно само врз луѓето кои ја произведуваат облеката, туку и врз нас самите. Памукот абсорбира околу 16% од пестицидите и заедно со боите кои се користат за обојување на метеријалот, кои при конвенционалното производство се исто така многу токсични, влегуваат во нашете тело, преку кожата (најголем огран на нашето тело), ја оштетуваат кожата и го загрозуваат нашето здравје.
Ви требаат ли повеќе причини за да преминете кон употреба на органски памук?
Конвенционално произведениот памук и неговата пониска цена се должат на застрашувачките услови за работа. Земјоделците работат со многу мала маржа и понекогаш не се во можност да ги покријат своите животни трошоци, што резултира со бесконечни долгови. Вработените се принудени да работат во нехигински услови, немаат заштитна опрема, бројот на работни часови е неподнослив, а да не заборавиме да споменеме дека детскиот труд не е исклучок.
Во последните 20 години, стапката на самоубиства кај фармерите за памук е премногу висока. На пример, само во 2013 година 11.772 земјоделци извршиле самоубиство во Индија, тоа се 44 земјоделци на ден. Друг пат кога купувате нов пар панталони, ако цената ви изгледа безобразно ниска, најте дека некој друг платил за нив. Ако маичката која ја носите чини 300 денари, што мислите колку се платени работниците кои се вклучени во производствениот процес (одгледување и берба, предење, ткаење, кроење, шиење).
Облеката од познатите брендови најчесто се шие во неразвиени земји, каде што жените имаат две опции за преживување – проституција или конфекција. Оние кои се одлучуваат за конфекција работат во нехигиенски услови, небезбедна работна средина, работата прекувремено (цел ден), а како надоместок за нивниот труд не ретко добиваат и помлку од еден долар на ден, сретства кои не се доволни за да се прехранат самите, а да не зборуваме за да прехранат едно семејство. Како последица на тоа детскиот труд исто така е многу честа појава, децата, заедно со нивните мајки работат во условите кои ги опишавме погоре.
Кичевчанката Ангела најпрво ја создаде колекцијата ENDANGERED која ја посфети на загрозените видови на животни.
За колекцијата Ангела го кажа следново: Земјата доживува уште едно истребување на животни, кое најмногу се должи на човечките активности, како што се уништување на живеалиштата на животните, нивна преголема експлоатација, климатските промени и загадувањето.
Модната индустрија е еден од главните загадувачи на животната средина, во глобални рамки. Последниците од неа се присутни кај сите видови на живот на планетава. Таа е задолжена во голема мерка за загадувањето на воздухот, водата, почвата и со тоа влијае врз сите живи суштества. Првата колекција наречена ENDANGERED е посветена на загрозените видови на животни, кои недолжни ја плаќаат цената на човековите постапки. Оние кои секојдневно се убивани или ги губат своите места за живеење, како последница на потребата за поголемо производство.
Колекцијата е изработена од органски одгледуван памук, а парчињата се во лимитиран број. Секое парче е рачно изработено, шиено и везено, со особена љубов, посфетеност и
внимание.
– Денес Ангела ја извади нејзината втора колекција наречена Soul Spectrum, која е сочинета од 9 парчиња на сукњи, секоја со уникатен дизајн, рачно изработена и врвно мајсторски рачно извезена со прекрасни мотиви.
Ви препорачуваме да го заследите профилот на Инстаграм, каде што можете да ја
погледнете новата колекција на hope.ethicalfashion
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
Lifestyle
5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис
Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.
5. Шнауцер
-
Достапни во три големини.
-
Познати по интелигенција и лојалност.
-
Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.
4. Малтезер
-
Мало, нежно и пријателско куче.
-
Хипоалергично и паѓа исклучително малку.
-
Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.
3. Португалско водно куче
-
Интелигентни, енергични и многу послушни.
-
Обожаваат вода.
-
Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.
2. Бишон Фризе
-
Разиграно, нежно и многу приврзано куче.
-
Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.
-
Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.
1. Пудлица
-
Една од најинтелигентните раси во светот.
-
Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.
-
Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.
-
Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“
Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?
-
Правилната исхрана е клучна.
-
Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.
-
Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.
Извор: Vecernji
Lifestyle
Како да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома
Кондензацијата на прозорците е еден од најчестите зимски проблеми во домаќинствата. Секое утро истиот призор — капки вода по стаклото, влажни рамки, па дури и појава на мувла. Освен што е напорно за чистење, влагата може да го оштети домот и да предизвика непријатни мириси.
Добрата вест? Постоји едноставно, евтино и изненадувачки ефикасно решение што сигурно веќе го имате во бањата — пена за бричење.
Како да спречите кондензација со пена за бричење?
Овој трик станал популарен на форумот „Money Saving Expert“, каде што многумина барале решение за секојдневното замаглување на прозорците. Најдобриот совет дошол од жена која испробала сè — и најмногу ѝ помогнала токму пената за бричење.
Процесот е многу едноставен:
-
Нанесете мала количина пена за бричење на внатрешната страна од прозорецот.
-
Рамномерно распоредете со сува, чиста крпа.
-
Не нанесувајте многу — доволен е тенок, едвај видлив слој.
-
Полирајте додека стаклото не стане целосно проѕирно.
Според нејзиното искуство, овој метод создава заштитен хидрофобен слој, кој спречува водата од воздухот да се таложи на студеното стакло. Резултатот? Прозорци без замаглување и без секојдневно бришење.
Зошто ова функционира?
Пената за бричење содржи состојки што формираат водоодбоен (хидрофобен) филм.
Овој филм ги одбива водените честички и им спречува да се претворат во капки — токму тоа ја спречува кондензацијата.
Дополнителни совети за намалување на влагата во домот
-
Редовно проветрувајте – кратко, но интензивно проветрување неколку пати дневно.
-
Намалете го сушењето алишта во затворен простор.
-
Користете одвлажнувачи – електрични или гел-осушувачи.
-
Не покривајте радијатори со завеси – блокираната топлина го зголемува таложењето на влага.
Извор: Alo
-
Кичево1 ден(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Кичево2 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин23 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Македонија2 денаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Кичево24 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
