Следете не

Спорт

ФФМ преку Хет-трик програмата официјално го отвори обновениот терен за ФК Академија Пандев

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за ФК Академија Пандев.

Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.
На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски.

Муамед Сејдини – додава „За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни.
Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280. илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци“.

„За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања“.

„Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови.

Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија“.

„Со здравје да се користи новиот терен и нека биде поттик за сите други да вложуваат во фудбалот“.

Спорт

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Објавено пред

на

©porta.mk

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.

Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.

Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Објавено пред

на

©porta.mk

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.

Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.

Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.

Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.

Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Објавено пред

на

©porta.mk

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.

Одиме на победа!

Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Македонија18 часа

Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг20 часа

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

Фото: Nick Collins @ unsplash Фото: Nick Collins @ unsplash
Lifestyle20 часа

5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака

Тиквата е една од најздравите есенски намирници, богата со хранливи состојки и корисна за целото тело. Сè што треба да...

Фото: Mara Cotta @ pexels Фото: Mara Cotta @ pexels
Lifestyle20 часа

Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие

Кога мирисот на свежо сварен џем од јаболка ќе се прошири низ кујната, тешко е да се остане рамнодушен. Овој...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин20 часа

Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!

Microsoft официјално објави дека новата верзија Windows 11 25H2 сега е достапна за сите корисници на Windows 10 и за...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин20 часа

Apple го претстави првиот M5 чип

Американскиот технолошки гигант Apple официјално го претстави својот најнов M5 чип, кој ќе го движи следниот бран на уреди, вклучувајќи...

Временска прогноза21 час

Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно,...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (20 октомври)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Македонија2 дена

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и...

НАЈЧИТАНИ