Следете не

Спорт

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години, за нови успеси!

Објавено пред

на

Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери, Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија склучија Договор за спонзорство за наредните три години.

Договор за спонзорство во наредните три години склучија Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија, кој има за цел да помогне во развојот на македонскиот фудбал.

Во услови кога македонскиот фудбал празнува и со нетрпение го очекува почетокот на ЕУРО 2020, каде за првпат ќе настапува македонската репрезентација, Комерцијална банка обезбеди значајна поддршка за ФФМ за да поттикне нови успеси и заеднички победи.

– Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Горди сме ние што добиваме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности. Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Исклучително сме среќни што преку оваа соработка со Комерцијална банка имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, која покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Општествената одговорност како императив во работењето на Комерцијална банка има за цел не само да ја подобри сегашноста, туку и да ја изгради иднината во која луѓето ќе останат посветени, мотивирани и желни за нови победи и континуиран развој на општеството. Со целокупното свое работење, и во финансискиот и во корпоративниот дел, Банката постојано придонесува за развој на економијата, но и на уметноста, културата, спортот, како и за унапредување и подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ за да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа да бидат успеси на деца кои ќе се определат за спорт, одговорност и дисциплина, на нови генерации фудбалери, на сите нас кои ќе изградиме уште подбри услови за спортот во земјава. Тоа е мисијата со која Комерцијална банка влегува во соработка со Фудбалската федерација бидејќи делиме заеднички цели и императиви. Посакувам Европското првенство 2020 да ни донесе многу радости, но на фудбалерите им посакувам, пред сѐ, добро здравје и многу среќа“, изјави Главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, Илија Илоски.

Спорт

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Објавено пред

на

©porta.mk

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.

Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.

Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.

Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.

Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Објавено пред

на

©porta.mk

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.

Одиме на победа!

Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.

Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.

„Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.

Да ја бодриме нашата репрезентација!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Remy Lovesy @ unsplash Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Автомобили54 минути

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин58 минути

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

Технологија1 час

Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“

По една деценија постоење, Windows 10 официјално ја заврши својата ера. Од денес, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни надградби,...

Хроника3 часа

ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој...

Здравје и убавина3 часа

Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе

Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за вторник (14 октомври)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Спорт15 часа

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе...

Спорт16 часа

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1...

Временска прогноза17 часа

Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза...

Македонија1 ден

Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

НАЈЧИТАНИ