Спорт
ФФМ ги објави клубовите од првата МФЛ кои според документацијата добиле лиценца за учество во УЕФА натпреварите

Одделнието за лиценцирање информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/2022 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:
1. ФК Академија Пандев АД – Струмица
2. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3. ФК Работнички АД – Скопје
4. ФК Ренова АД – с.Џепчиште
5. ФК Силекс АД – Кратово
6. ФК Струга ТримЛум АД – Струга
7. ФК Шкендија АД – Тетово
8. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:
1. ФК Беласица АД – Струмица
2. ФК Вардар АД – Скопје
3. ФК Пелистер АД – Битола
ФК Борец 1919 АД – Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/2022.
Спорт
ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.
Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.
Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.
Спорт
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката Балатон Парк. Маркез ја помина целната линија со време од 42:37,68, обезбедувајќи ја својата 98-ма победа во кариерата во сите класи на Мото ГП шампионатот. Овој триумф во Унгарија воедно е и негов десетти во тековната сезона во „кралската класа“.
На второто место заврши Педро Акоста, исто така од Шпанија, кој вози за тимот на Ред Бул, со заостанување од 4,314 секунди зад Маркез. Италијанецот Марко Бечеки, возач на Априлија, се пласираше трет, со заостаток од 7,488 секунди.
Во генералниот пласман, Марк Маркез води убедливо со 455 поени, пред неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг, кој има освоено 280 поени.
Следната трка од календарот на Мото ГП ќе се одржи на 7 септември, кога ќе се вози Големата награда на Каталонија.
Спорт
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.
Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.
Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.
-
Кичево2 дена
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Кичево2 часа
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (24 август)
-
Хороскоп13 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника2 дена
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Спорт2 дена
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови
-
Македонија21 час
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси