Социјални мрежи
Фејсбук и Инстаграм наскоро со нова опција за сокривање „лајкови“
Фејсбук работи на оваа опција од 2019 година и сега тие одлучија да ја објават на ФБ и Инстаграм. Компанијата објаснува дека многу корисници „страдаат“ кога имаат мал број лајкови и се чувствуваат засрамено затоа што немаат доволно лајкови.
Ова е проблем на помладите корисници на социјалните мрежи затоа што во денешното општество лајковите се ценат и ако имате мал број од нив, не сте доволно популарни, па на крајот го бришете објавувањето, се наведува во соопштението на компанијата.
Исто е и на Инстаграм и Фејсбук сака да им помогне на помалку популарните луѓе на социјалните мрежи криејќи лајкови.
Како и да звучи ова, ФБ ја воведува оваа опција и наскоро ќе можете да го скриете бројот на лајкови на двете социјални мрежи и само вие ќе можете да видите колку лајкови имате на објавите.
ФОТО: pexels.com / pixabay.com
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата
„WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.
Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.
Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.
Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.
Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.
Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника1 денД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Lifestyle2 денаКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Социјални мрежи17 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Кичево2 денаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Магазин2 денаApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Хороскоп9 часаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Спорт2 денаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
