Македонија
Денеска 10 нови случаи на Ковид-19, починале седум пациенти. Според вкупниот број на случаи состојбата по градови се движи вака
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Covid-19.
Новите ковид-случаи се регистрирани во четири града во земјата, и тоа пет во Скопје, по два во Прилеп и Виница, и еден во Куманово.
Пријавени се вкупно седум починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).
Од пријавените, три лица се починати во домашни, а другите четири во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на короанвирусот, со коиод почеоткот на епидемијата во Македонија се дијагностицирани лица 155.417 зарази од кои оздравеле 149.292 пациенти, а потврдени се 5.455 смртни исходи. Бројот на активни случаи изнесува 670.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68568, Активни 299
Куманово 8844, Активни 64
Прилеп 8311, Активни 38
Тетово 7219, Активни 26
Битола 6298, Активни 28
Велес 5469, Активни 6
Гостивар 5179, Активни 20
Кавадарци 5153, Активни 4
Охрид 5008, Активни 38
Штип 4959, Активни 8
Струмица 4111, Активни 16
Струга 2981, Активни 13
Кочани 2789, Активни 10
Кичево 2568, Активни 28
Гевгелија 2194, Активни 5
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 4
Ресен 1234, Активни 3
Крива Паланка 1219, Активни 2
Радовиш 1160, Активни 15
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 12
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0
/netpress
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп7 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Здравје и убавина1 денДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија11 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија15 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт10 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
-
Свет6 часаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
