Технологија
Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио
Фејсбук купи неколку студија за производство на VR игри во изминатите неколку години, а BigBox VR сега се приклучува на таа група. Студиото е најдобро познато по играта „Population: One“, која се смета за една од најпопуларните игри на системот Oculus Quest 2 VR на Фејсбук. Играта може да се нарече директен клон на Fortnite, но во VR средина. Аквизицијата беше направена во петокот, но како што често се случува во такви ситуации, финансиските детали не беа објавени во јавноста.
Не е невообичаено сопствениците на хардверска платформа за игри да отворат свои студија за развој на игри кои ќе бидат исклучиво достапни само на таа платформа, но во светот на ВР работите работите се малку поинакви. Имено, тука нема голема конкуренција, па честите аквизиции на Фејсбук можат да доведат до монополска позиција на пазарот.
Додека многу програмери во студијата Oculus продолжуваат да создаваат наслови за Steve Store на Valve, која исто така нуди наслови за трети лица VR системи, повеќето конкурентни платформи го губат својот удел на пазарот на VR.
Присуството на Фејсбук, кој практично со намалувањето на цената на Oculus Quest 2 на 299 долари сака да направи масовност и со тоа да обезбеди голема база на корисници за неговите VR игри.
Извор: TechCrunch.com
Магазин
Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на популарната Wikipedia, која ја уредуваат волонтери ширум светот.
Името Grokipedia произлегува од Grok, виртуелниот асистент на xAI, за кој Маск тврди дека е создаден за да „ја бара и објавува вистината“.
Првата тест верзија (0.1), објавена во понеделник навечер, веќе содржи над 885.000 статии, додека англиската верзија на Wikipedia има повеќе од седум милиони. Маск најави дека наскоро ќе се појави и верзијата 1.0, која, според него, ќе биде „десет пати подобра“ и веќе „пообјективна од Wikipedia“.
Лансирањето на проектот првично беше закажано за крајот на септември, но беше одложено „поради потребата од дополнителна проверка и отстранување на пропагандни содржини“. Маск, кој со години отворено ја критикува Wikipedia, и претходно тврдеше дека нејзините содржини се под влијание на „политички пристрасни уредници“.
„Целта на Grok и Grokipedia е вистината, и ништо друго освен вистината“, изјави Маск, додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код и може да се користи бесплатно од секого.
Сепак, дел од содржината на Grokipedia покажува извесна пристрасност, особено на страницата посветена на самиот Маск. Во воведот се наведува дека основачот на Tesla и SpaceX влијаел на јавните дебати за повеќе теми, добивајќи „критики од традиционалните медиуми кои се сметаат за политички наклонети кон левицата“.
На пример, во статијата за движењето „Животот на црнците е важен“, платформата наведува дека тоа „мобилизирало милиони луѓе“, но и дека „некои од протестите предизвикале немири со значителни материјални штети“, иако забележува дека „огромното мнозинство од протестите во 2020 година се одржале мирно“.
Содржината на Grokipedia е создадена со помош на вештачка интелигенција, преку генеративниот систем Grok, но на секоја страница се наведуваат и повеќе извори.
Лансирањето беше поздравено од бројни јавни личности и политички фигури од десниот спектар, меѓу кои и рускиот филозоф Александар Дугин, кој ја нарече статијата за себе „неутрална, објективна и фер“, за разлика од онаа на Wikipedia, која ја оцени како „пристрасна и клеветничка“.
Извор: 021
Магазин
WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки ризик. Компанијата објави нови безбедносни функции за своите најпопуларни апликации за комуникација – WhatsApp и Messenger, насочени кон откривање и спречување на измамнички активности.
Новите функции се дел од поширока иницијатива за заштита на корисниците кои често се наоѓаат во ризик од интернет манипулации и лажни пораки. „Мета“ најави дека во WhatsApp ќе се прикажуваат предупредувања кога корисник ќе се обиде да го сподели екранот за време на повик, додека во Messenger ќе се појавуваат ознаки што укажуваат на можно сомнителни или лажни пораки.
Според податоците на компанијата, во првата половина од оваа година биле откриени околу 8 милиони лажни сметки, а над 21.000 страници и профили биле отстранети бидејќи лажно се претставувале како служби за поддршка на корисници.
Овие измами најчесто се насочени кон постарите лица, кои потешко препознаваат лажни пораки и сомнителни барања. Најчеста техника на измамниците е барање споделување на екранот за време на повик – момент кога можат да добијат пристап до чувствителни информации, како банкарски податоци или кодови за верификација.
Иако многумина сметаат дека „Мета“ реагира доцна со овие мерки, новите опции сепак се чекор во вистинската насока. Целта е да се создаде побезбедна онлајн средина и да се намали бројот на измами кои ги таргетираат најранливите корисници на интернет.
Изво: PcPress
Магазин
One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања на врвот, додека неважните ќе бидат дискретно тргнати во позадина.
Samsung подготвува голема надградба на својот интерфејс One UI 8.5, која се очекува да пристигне во наредните месеци. Според најновите информации, оваа верзија ќе донесе паметно и автоматско организирање на известувањата. Новата опција, наречена „Приоритизирај ги известувањата“, ќе ги рангира дојдовните нотификации според нивната важност, оставајќи ги најбитните на врвот на листата.
Поголема контрола и приватност за корисниците
Во раната тест-верзија, корисниците ќе можат рачно да одредуваат приоритети за секоја апликација, директно од менито за известувања. Samsung нагласува дека сите податоци се обработуваат локално, без нивно испраќање во облакот, што е голем плус во однос на заштитата на приватноста.
One UI 8.5 со нови гестови и визуелни подобрувања
Очекувањата се One UI 8.5 да дебитира по претставувањето на серијата Galaxy S26, додека бета верзијата би можела да стане достапна веќе следниот месец.
Конечната верзија најверојатно ќе пристигне на почетокот на 2026 година (јануари или февруари), пред појавата на One UI 9.0 подоцна во годината.
Освен паметното управување со известувања, новата верзија ќе донесе:
-
Гест со двоен допир на задната страна од телефонот – функција слична на онаа кај iPhone;
-
Визуелни подобрувања на интерфејсот;
-
Подобрена камера и оптимизација на системот.
Помал дигитален хаос, повеќе контрола
Со ова ажурирање, Samsung продолжува да го усовршува корисничкото искуство, нудејќи попаметен, поинтуитивен и почист начин за управување со известувања – без компромис со приватноста и брзината на системот.
Извор: Tech Radar
-
Хороскоп20 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија9 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија6 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

