Македонија
Пред најавената еко-такса за горивата, од ноќеска ново поскапување на бензините, дизелот останува непроменет
Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста.
Според новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 71,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 73,5 денари. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.
Оваа одлука да напоменеме е пред да се отпочне наплатата на еколошката такса за бензините и дизелот.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
-
Кичево21 час„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина22 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија2 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
