Здравје и убавина
Луѓето со бел тен посебно да внимаваат во летните температури, а пациентите со деменција да имаат лесна диета и без месо

Температурите се високи, а лекарите не престануваат да апелираат до граѓаните да се заштитат од сонцето. Тие ве потсетуваат да ги избегнувате најжешките делови од денот, а има и други совети.
Особено важно е тоа што луѓето со бел тен треба да користат крем со заштитен фактор 50, други може да бидат пониски. Ова е исклучително важно затоа што зрачењето е силно. Здравиот организам има способност да се прилагоди на овие надворешни влијанија, сепак постарите, бремените жени и децата се почувствителни и ја немаат оваа способност да се прилагодат.
Посебно внимание треба да се посвети на пациентите со деменција кои не се свесни за овие временски услови, лекарите потсетуваат на важноста на хидратацијата во жешките летни денови и советуваат лесна диета, без многу месо.
/српски курир
Здравје и убавина
Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината често го нарушуваат рамнотежниот ритам на стомакот. За среќа, една австралиска нутриционистка нуди едноставно, но ефикасно решение.
Според Ребека Гоуторн, клучот е во изборот на овошје кое ги „радува“ цревата.
– „Крушите се совршен сојузник на дигестивниот систем. Тие содржат комбинација од растителни влакна и природни шеќери – сорбитол и фруктоза – кои ја поттикнуваат работата на цревата и спречуваат запек“, објаснува таа.
Проблемите со варењето се особено чести при патување со авион, бидејќи наглите промени во притисокот и воздухот директно влијаат на работата на стомакот.
– „Но, здравиот дигестивен систем не е важен само за редовна столица“, додава Гоуторн. „Кога цревата функционираат добро, телото подобро ги апсорбира хранливите материи, имунитетот се зајакнува, а нивото на енергија расте.“
Крушите, познати по својата висока содржина на влакна, се идеален избор за секој што сака да го зачува варењето во добра форма – особено за време на летниот одмор. Вашите црева навистина ќе ви бидат благодарни ако ги вклучите во секојдневното мени.
/taratur
Здравје и убавина
Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе

Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на себе и на физичката активност. Но, со малку организација и вистински навики, можно е да се грижите за своето тело и здравје, без разлика на обврските.
Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат полесно да ја одржувате линијата и да се храните поздраво:
1. Опремете ја кујната со здрави намирници
Отстранете ја нездравата храна полна со калории и заменете ја со свежи, нутритивни производи. Ако дома имате само квалитетни намирници, помала е веројатноста да посегнете по нешто нездраво.
2. Одредете точно време за вежбање
Планирајте го тренингот како обврска што не се прескокнува. Најдобро време за вежбање за зафатените луѓе е наутро — пред мејловите, состаноците и стресот од денот. Така ќе започнете со повеќе енергија и фокус.
3. Подгответе ги оброците однапред
Изберете намирници што можат да се чуваат неколку дена и подгответе ги оброците навечер. Така ќе имате контрола врз тоа што јадете и нема да претерувате со количината. Овој навик ќе ви заштеди време и ќе ви помогне да се храните поумно.
4. Ограничете го внесот на шеќер и кофеин
Едно утринско кафе е во ред, но повеќе кафиња дневно можат да направат повеќе штета отколку корист. Исто така, избегнувајте слатки и брзи грицки кога сте под стрес — тие нудат моментална енергија, но подоцна го зголемуваат заморот.
5. Одберете здрави грицки
Секогаш имајте при рака здрави опции: јаткасти плодови, свежо овошје, моркови или енергетски плочки без додаден шеќер. Не заборавајте и на доволно течности во текот на денот, особено во топлите месеци.
6. Вежбајте со партнер
Ако тешко се мотивирате сами, најдете партнер за вежбање. Заедничката поддршка и мотивација значително ја зголемуваат веројатноста да останете доследни на тренинзите. Со овие едноставни навики, ќе можете полесно да го балансирате динамичниот живот со здрав и активен стил.
Здравје и убавина
Доколку сакате да ослабете, тоа незначи дека треба да се гладува

Редовната физичка активност во комбинација со балансирана и умерена исхрана претставува најсигурен начин за намалување на килограмите и обликување на телото. Кога еднаш ќе создадете рутина што ја спојува оваа здрава навика, можете да додадете и неколку дополнителни чекори кои ќе го олеснат процесот на слабеење и ќе ве доведат поблиску до вашата цел – посакуваната тежина и фигура.
1) Јадете свесно и на маса
Избегнувајте да јадете додека работите, сурфате на телефонот, гледате телевизија или читате. Истражувања во Велика Британија покажале дека луѓето кои јадат на ваков „расеан“ начин внесуваат повеќе калории, а подоцна во текот на денот повторно имаат потреба од храна.
Затоа, обидете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги консумирате на трпезариската маса, со целосно внимание на оброкот. На тој начин, телото подобро ќе ја препознае количината на внесена храна и ќе ви даде чувство на ситост навреме.
2) Изберете помали чинии
Користењето на помали садови е едноставен трик кој може да резултира со намален внес на храна и до 30%. Со ваков пристап, ќе го контролирате количеството без да се чувствувате лишени.
3) Осигурете си доволен сон
Недостатокот на сон е тесно поврзан со лош избор на храна. Кога сме ненаспани, имаме тенденција да бараме засладени намирници за „брзо будење“, што негативно влијае на метаболизмот и на контролата на тежината. Затоа, квалитетниот и доволен сон е еднакво важен дел од процесот на слабеење.
4) Спијте во целосна темнина
Светлината во просторијата може да го наруши квалитетот на сонот и да ја отежне регулацијата на телесната тежина. Голема студија спроведена во САД утврдила дека жените кои спиеле во темни простории имале помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
За да ја подобрите ситуацијата, можете да инвестирате во завеси што не пропуштаат светлина или да користите маска за очи додека спиете.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (17 октомври)
-
Хроника2 дена
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Храна2 дена
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Македонија1 ден
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
-
Магазин2 дена
Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки
-
Македонија21 час
Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки
-
Здравје и убавина1 ден
Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот