Временска прогноза
Добри метео вести, од среда целосна стабилизација и летни температури, топлотен бран кон крајот на јули – ова се деталите..

Нестабилното време ќе се задржи до самиот крај на денешниот ден а локална нестабилност ќе имаме уште утре кога ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално сеуште ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Веќе од среда под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а утре кон крајот на денот и навечер и во среда и тоа особено Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.
Сепак температурите ќе бидат релативно пријатни, што значи не се очекуваат екстремно високи температури. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека нешто посвежо утро ќе имаме во четврток кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во најтоплите предели.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
И во скопскиот регион од среда ќе имаме целосно стабилизирање на времето и многу повеќе сонце. Утре кон крајот на денот и навечер, како и во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
Овие денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент околу 10).
Одсега гледано, нов изразен топлотен бран со потекло од Африка, нашата територија треба да ја зафати некаде од околу 25, 26 јули. – Состојбата ќе се следи.
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Кичево21 час
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје1 ден
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle1 ден
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Lifestyle1 ден
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle1 ден
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете