Случувања
(ВИДЕО) Фрлен солзавец на настапот од Горан Бреговиќ на Фестивалот на пивото во Корча, Албанија
Познатиот музичар Горан Бреговиќ вечерва настапи на фестивалот на пивото во Корча во Албанија, но се случил инцидент што предизвика конфузија и несакани реакции на посетителите, пренесуваат албанските медиуми.
Имено, кога настапувал Бреговиќ како што се известува бил фрлен солзавец, па многумина одлучиле да го напуштат фестивалот. Децата и постарите лица панично истрчувале кон излезот, додека на едно лице му била укажана медицинска помош и завршил во Итната помош.
Откако ситуацијата се смирила, концертот продолжил, а по оваа информација, контактиран е тимот на Бреговиќ, кој се уште не коментира што се случило – пишуваат албанските медиуми.
Korca suzavac na nastupu Gorana Bregovica. Mali broj ljudi se razisao, policija iskontrolisala situaciju, nastup nastavljen. pic.twitter.com/jeAXjqKEUV
— DipchE⚠️ (@dipche84) August 22, 2021
Извор: Faktor.al
ВИДЕО: Т7 (YouTube)
ФОТО: printscreen / youtube – Goran Bregovic – Bella Ciao
Кичево
Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи. „Ние не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубрето“.
Ова треба да не загрижи сите како град дека би било залудно комуналното претпријатие да чисти, ако сами не бидеме свесни и одговорни и тоа со намера повторно и повторно да го правиме.
Апелот од Јовановски ви го пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани,
– Ве молам да покажеме повисока свест и култура во нашето секојдневие. Сметот и ѓубрето треба да се одложуваат соодветно, во контејнерите предвидени за тоа.
На фотографиите јасно се гледа дека ЈКП „Комуналец“ редовно ги празни контејнерите, но дел од граѓаните упорно фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Таквото однесување ја нарушува чистотата и изгледот на нашата општина, а пред сè го загрозува здравјето и квалитетот на живот на сите нас. Затоа, ќе пристапиме кон опомени од комуналните редари, а доколку оваа практика продолжи, ќе бидеме приморани да примениме и казнени мерки, истакна Јовановски на своите социјални мрежи.

Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево1 денЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура1 денУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин2 дена(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (3 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаРЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
-
Македонија2 денаМВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви
