Спорт
Македонија до 21 година: Тодоровски и Рустемоски надвор од стројот за Франција. Воша вели дека максимално се подготвуваат за почетокот на квалификациите

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.
Арби Воша – Македонија до 21 година:
“Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли“.
„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“.
Спорт
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија

Колумбиецот Давид Алонсо (CFMOTO Inde Aspar Team) стана првиот возач од својата земја што победил во Moto2, откако триумфираше на Големата награда на Michelin во Унгарија. Со извонреден финиш, тој ги надмина главните конкуренти за титулата, Диого Мореира (Italtrans Racing Team) и Мануел Гонзалез (LIQUI MOLY Dynavolt Intact GP), во трилер-завршница на Балатон Парк.
Алонсо влезе во завршните кругови со најсилно темпо, минувајќи го Гонзалез во претпоследниот круг, а потоа со маестрална одбрана ја задржа предноста до целта. Мореира заврши втор и со тоа за првпат во историјата Moto2 забележа јужноамериканско 1-2, додека Гонзалез мораше да се задоволи со третото место.
Зад нив, Џејк Диксон финишираше четврти, а Холанѓанецот Колин Вејер со петтото место го постигна својот најдобар резултат досега. Голем удар претрпе Арон Канет, кој заврши шести и изгуби важни поени во шампионската битка.
Историскиот триумф на Алонсо го најавува пристигнувањето на нова генерација во Moto2, бидејќи пет дебитанти завршија меѓу првите десет во Унгарија.
Спорт
Анчелоти на квалификациските дуели за СП против Чиле и Боливија без ѕвездите Нејмар и Винисиус Жуниор

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави финалниот список на „Кариоките“ за септемвриските квалификациски дуели за Светското првенство – против Чиле и Боливија. Она што веднаш привлече внимание е изненадувачкото отсуство на две големи ѕвезди – Нејмар и Винисиус Жуниор.
Фудбалерот кој на почетокот на годината се врати во Сантос и натаму се мачи со повреди. Веќе скоро две сезони неговата форма е далеку од стабилна, а минатата недела имал нов проблем со бутниот мускул.
– „Нејмар имаше мала непријатност. Најважно е да ја врати натпреварувачката кондиција. Нема потреба да го тестираме – сите добро знаат кој е Нејмар“, објасни Анчелоти.
За разлика од Нејмар, изоставувањето на Винисиус не е поради повреда. Овој пат комбинација од дисциплинска казна и исцрпувачко патување до Ла Паз го натераа селекторот да му даде одмор.
CONVOCADOS! ✅
O mister Carlo Ancelotti divulgou a lista dos jogadores convocados para os jogos nos dias 4 e 9 de setembro contra Chile, no Maracanã, e Bolívia, em El Alto.
ISSO É BRASIL! 🇧🇷 pic.twitter.com/2CC0oDTypL
— brasil (@CBF_Futebol) August 25, 2025
Позитивна вест за Бразил е враќањето на Лукас Пакета, кој во јули беше целосно ослободен од сомнежите за вмешаност во наместени натпревари. Играчот на Вест Хем последен пат настапи за репрезентацијата во ноември 2024. Повторно место во тимот доби и Жоао Педро од Челзи, кој со одличните игри си обезбеди враќање.
Составот на Бразил за квалификациите:
Голмани:
Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Уго Соуза (Коринтијанс)
Одбрана:
Александро (Лил), Алекс Сандро (Фламенго), Каио Хенрике (Монако), Даглас Сантос (Зенит), Фабрицио Бруно (Крузеиро), Габриел Магалхаес (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Вандерсон (Монако), Весли (Рома)
Среден ред:
Андре Сантос (Челзи), Бруно Гимараеш (Њукасл), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Џоелинтон (Њукасл), Лукас Пакета (Вест Хем)
Напад:
Естевао (Челзи), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Челзи), Каио Хорхе (Крузеиро), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Ричарлисон (Тотенхем)
Спорт
Започна онлајн продажбата на билети за натпреварот Белгија – Македонија во Гент, да дадеме поддршка за Македонија на овој значаен меч!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги извести љубителите на фудбалот дека започна продажбата на билети за квалификацискиот меч за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, Белгија, помеѓу репрезентациите на Македонија и Белгија.
За македонските фанови, во согласност со правилата на УЕФА, се обезбедени околу 900 места во делот од стадионот предвиден за гостински навивачи.
Цените, определени од Фудбалската федерација на Белгија, изнесуваат 25 евра за возрасни, а билет за деца до 12 години чини 21 евро.
Продажбата се реализира преку официјалната онлајн платформа на ФФМ – ТУКА. По завршената трансакција, купувачите најпрво добиваат ваучер како потврда, а врз основа на него подоцна се издава официјалниот билет, кој се испраќа на адресата наведена при купувањето.
Доставата на билетите е електронска (преку е-mail) и се реализира најдоцна во рок од две недели.
ФФМ ги охрабрува сите навивачи да обезбедат билет и со својата поддршка да ѝ дадат дополнителен мотив на македонската репрезентација во овој значаен натпревар.
Извор: ФФМ
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево2 дена
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Македонија1 ден
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Автомобили1 ден
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти
-
Спорт2 дена
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“
-
Македонија1 ден
МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар