Спорт
Лео Меси го обори рекордот на славниот Пеле и стана најдобар стрелец на селекциите во Јужна Америка
Аргентинските фудбалери ја совладаа Боливија со 3:0 во продолжението на квалификациите во Јужна Америка, со историски хет-трик на Лионел Меси.
Капитенот на „гаучосите“ стана најдобар стрелец на селекциите на Јужна Америка со 79 погодоци, со два повеќе од славниот Пеле, кој постигна 77 гола за Бразил.
Светскиот рекорд го држи Кристијано Роналдо со 111 гол за Португалија.
Резултати: Аргентина – Боливија 3:0 (Меси 14, 65, 88), Бразил – Перу 2:0 (Евертон Рибеиро 15, Нејмар 40), Парагвај – Венецуела 2:1 (Мартинез 7, Каку 46 – Канцелар 90), Уругвај – Еквадор 1:0 (Переиро 90 + 2), Колумбија – Чиле 3:1 (Борха 19 пенкало, 20, Дијаз 74 – Менезес 56).
Табела: Бразил 24 бодови, Аргентина 18, Уругвај 15, Еквадор 13, Колумбија 13, Парагвај 11, Перу 8, Чиле 7, Боливија 6, Венецуела 4.
Ова се головите на Меси:
ФОТО: Unsplash archive
Извор: Dnevnik.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Хороскоп13 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
