Храна
Денес започнува Есен, направете десерт со фил од ореви кој веднаш ќе ви се допадне
Тие се лесни и брзи за подготовка, вкусот ќе ве воодушеви
Состојки:
220гр путер
1 чаша кафеав шеќер
½ чаша бел шеќер
2 лажички екстракт од ванила
2 јајца
2 чаши брашно
½ лажичка сода бикарбона
¼ лажичка сол
1 чаша сецкани ореви
За фил:
220гр путер
3 чаши шеќер во прав
3 лажици јаворов сируп
1/3 чаша слатка павлака
1 чаша ореви
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тавата за печење со хартија за печење.
Во голем сад изматете ги путерот и шеќерот за да ја направите смесата глатка. Додадете екстракт од ванила и јајца, па повторно изматете, па додадете брашно, сода бикарбона и сол. Во смесата додадете исецкани ореви и оставете ја смесата да отстои околу 20-30 минути.
Потоа, со лажица за сладолед вадете од смесата во подготвениот плех за печење и печете ги колачињата 10-12 минути, а потоа оставете ги да се оладат.
Во меѓувреме, подгответе го филот.
Изматете го путерот за да се направи крем, потоа додадете шеќер во прав и изматете, па додадете го јаворовиот сируп и слатката павлака и матете уште малку.
Премачкајте ги колачињата со филот и украсете со половина орев.
Извор: Попара
Магазин
Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
Ако сакате нешто кремасто, миризливо и пријатно за ладните денови, оваа домашна крем супа од печурки е вистинскиот избор. Лесна е за подготовка, хранлива и богата со природен вкус на шампињони. Совршена за ручек, вечера или како предјадење.
Состојки:
-
400 г шампињони (или мешани печурки)
-
50 г путер
-
1 црвен кромид
-
2 чешниња лук
-
3 лажици брашно
-
1,2 литри супа од зеленчук (или вода со една коцка за супа)
-
200 мл павлака за готвење
-
сол и црн пипер по вкус
За сервирање:
-
свеж магдонос
-
златни топчиња за супа или крутони
-
малку павлака
Подготовка:
-
Подготовка на зеленчукот:
Исчистете ги печурките и исечете ги на тенки парчиња (околу 3 мм). Излупете го кромидот и лукот, па исечете ги на ситни коцки. -
Пржење:
Во подлабоко тавче или тенџере растопете го путерот на средна температура. Додадете го кромидот и пржете неколку минути додека не омекне и не стане светол и проѕирен. -
Додавање на печурките:
Додајте ги исечканите шампињони и динстајте ги додека не ја испуштат својата течност. -
Згуснување на супата:
Додадете го брашното и добро промешајте за да се впие течноста и да се добие мазна смеса. Тргнете накратко од оган, па постепено додавајте го зеленчуковиот фонд или супа, мешајќи постојано за да нема грутки. -
Готвење:
Вратете ја супата на оган, оставете да зоврие и варете околу 20 минути. -
Завршување:
Додадете ја павлаката за готвење, потоа варете уште 10 минути. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. -
Сервирање:
Послужете ја топла, украсена со свеж магдонос, неколку капки павлака и златни топчиња за супа или крутони за крцкав контраст.
Совет:
Ако сакате погуст крем, можете да ја изблендирате супата со рачен блендер пред да ја додадете павлаката.
За посебен вкус, додадете неколку капки маслиново масло со тартуфи или малку рендано пармезан сирење.
Извор: Nezavisne
Храна
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна состојка во речиси секој од нив. Сепак, многу луѓе несвесно прават грешка кога ги оставаат компирите на кујнскиот пулт, не знаејќи дека тоа може значително да го забрза нивното расипување.
Кујните се често влажни и топли средини, а токму влагата и светлината го поттикнуваат процесот на гниење и ’ртење на компирите. Според експертите од компанијата „Алберт Бартлет“, најдобар начин за да ги зачувате компирите свежи подолго време е да ги чувате во фрижидер.
Иако долго време се сметаше дека ниските температури во фрижидерот го претвораат скробот во шеќер – што може да влијае на вкусот при готвење – новите истражувања ја побиваат оваа теорија. Според најновите упатства од Агенцијата за стандарди за храна (FSA), чувањето компири во фрижидер не го зголемува ризикот од создавање штетни материи како акриламидот.
Во ладна и сува средина, компирите може да останат свежи и до три недели. Сепак, доколку немате место во фрижидерот, можете да ги чувате и надвор од него – важно е просторијата да биде ладна, темна и без влага. Најпогодни места се оставата, подрумот или затворените кујнски ормари подалеку од прозорците и изворите на топлина.
Избегнувајте да ги чувате компирите под мијалникот или покрај шпоретот, бидејќи тоа се највлажните делови во кујната, каде што се создаваат идеални услови за брзо расипување. Исто така, изложеноста на светлина може да предизвика создавање хлорофил, што ги прави компирите зелени и потенцијално токсични за јадење.
Со правилно складирање, не само што ќе ја задржите свежината на компирите, туку и ќе го намалите отпадот од храна, ќе заштедите пари и секогаш ќе имате подготвена состојка за вашите омилени есенски јадења.
Извор: RadioSA
Храна
Дали знаете дека солената храна го зголемува апетитот?
Вообичаено се смета дека јадењето солена храна ја зголемува жедта. Сепак, ново истражување спроведено во рамки на симулација на мисија на Марс покажало изненадувачки резултати, космонаутите кои внесувале повеќе сол всушност задржувале повеќе вода и наместо да чувствуваат жед, чувствувале глад.
Научниците забележале дека испитаниците кои консумирале меѓу шест и дванаесет грама сол дневно пиеле помалку вода, додека нивната урина содржела повисока концентрација на сол.
Друго истражување, спроведено на глувци, дало дополнително објаснување за зголемениот апетит при повисок внес на сол.
Имено, кај глувците било забележано дека за да се исфрли вишокот сол без промена во количината на урина, организмот произведува повеќе уреа. Овој процес бара дополнителна енергија, што резултира со зголемена потреба за храна.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Технологија1 денКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Временска прогноза1 денЗа зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
-
Хороскоп22 часаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Култура7 часаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија6 часаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Македонија1 денАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Магазин1 денGoogle воведува проверка на возраста во Play Store: што значи ова за корисниците?
