Следете не

Социјални мрежи

По речиси седум часа, „facebook“ се врати во етер

Објавено пред

на

Речиси седум часа Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп беа недостапни за корисниците, меѓутоа, некои од споменатите мрежи полека се враќаат во функција. Имено сега Фејсбук започна да работи нормално, Инстаграм исто така, „error“ повеќе не се појавува на почетната страница, додека WhatsApp не работи целосно.

За потсетување, шефот на техничкиот оддел на Фејсбук, Мајк Шрефер, излезе на Твитер и објави дека оваа компанија има проблеми со вмрежувањето, и дека тимовите работат на отстранување на овие проблеми што е можно поскоро.

– „Искрено им се извинуваме на сите бидејќи имаше прекин во работата. Имаме проблеми со вмрежувањето и тимовите работат што е можно побрзо за да ги отстранат грешките и да продолжат со работата што е можно побрзо“, напиша Шрефер.

Инаку, богатството на основачите на Фејсбук е намалено за седум милијарди долари за само неколку часа, поради неколкучасовно прекинување на работата на популарната мрежа, изјави Блумберг.

Интересно е и тоа што ова се случува само еден ден откако Френсис Хоген, свиркач од Фејсбук, во интервју откри дека оваа социјална мрежа дава предност на профитот во однос на јавното добро. 

Таа ги поткрепи своите тврдења со повеќе од десет илјади страници внатрешни истражувања и документи.

Социјални мрежи

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shutter Speed

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.

Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.

За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.

Како да го направите тоа:

Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.

Изберете „Privacy & Safety“.

Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.

Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.

Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.

Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.

Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.

Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.

Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.

Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Thomas Jensen

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.

Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.

 

Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.

Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп14 часа

Хороскоп за недела (19 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Социјални мрежи16 часа

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември....

Без категорија18 часа

Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно

Одгледувањето среќно и добро воспитано дете е една од најголемите и најпредизвикувачки задачи во животот. Затоа, обидете се да си...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (18 октомври)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Македонија2 дена

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300...

Спорт2 дена

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот...

Македонија2 дена

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности...

Временска прогноза2 дена

Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (17 октомври)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија3 дена

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

НАЈЧИТАНИ