Свет
Австралија ја укина забраната за патување во странство за нејзините граѓани
Австралија ќе ја укине забраната за патување во странство без дозвола, најави денеска владата, додека границите на земјата треба да бидат отворени за квалификувани работници и странски студенти до крајот на годината.
Повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните граници во Австралија, целосно вакцинираните граѓани во иднина нема да бараат ослободување за напуштање на државата, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за здравство и за внатрешни работи.
Ова беше соопштено во време кога стапката на возрасни целосно вакцинирани со две дози од вакцината се приближува до целта од 80 проценти во земјава.
Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус рече дека приоритет сега им се дава на австралиските граѓани, додека другите ограничувања за патување, вклучително и за не-државјаните, ќе бидат олеснети бидејќи стапката на вакцинација се зголемува.
„Пред крајот на годината предвидуваме прифаќање на квалификувани работници и странски студенти кои се целосно вакцинирани“, рече таа.
Премиерот Скот Морисон, кој ги објави промените претходно овој месец, рече дека Австралија е „многу блиску“ до објавување на отворање на реципрочни патувања со Сингапур, кој во вторникот објави дека Австралијците повеќе не мора да одат во карантин по пристигнувањето.
На 22 ноември повторно треба да започнат летовите на австралиската компанија Квантас до тој град, државата.
Австралија воведе гранични ограничувања меѓу најстрогите во светот на 20 март минатата година како одговор на пандемијата на корона вирусот. Во текот на 600 дена, бројни меѓународни летови беа приземјени, а патувањата во странство беа целосно намалени.
Семејствата се поделени на неколку континенти, десетици илјади Австралијци се блокирани во странство, а странските државјани остануваат блокирани во земјата со неможност да се видат со пријатели или роднини.
Прописите за карантин за вакцинираните граѓани зависат од тоа каде ќе пристигнат во земјата. Сиднеј го укина карантинот за пристигнување на патници, а другите австралиски држави каде стапката на вакцинација е помала сè уште имаат задолжителен скап 14-дневен карантин во хотелот.
Извор: Nova
Фото: Unsplash
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
Свет
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес
Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.
Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.
Свет
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
#ALERTA Se descarriló el Funicular de Lisboa, el Elevador da Glória, que realiza un recorrido por la zona vieja; obligado al viajar a Portugal. Al menos 15 muertos y 18 heridos. Con mas de 100 años de historia, no le daba mantenimiento el municipio. Turistas, muchas víctimas pic.twitter.com/7ou9NYCppb
— Víctor Sánchez Baños (@vsanchezbanos) September 3, 2025
Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.
На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.
Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.
Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт2 денаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп20 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура1 денУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин7 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин7 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин7 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

