Хроника
Меѓу загинатите во автобуската несреќа има и кичевчанец дел од кабинетот на кичевскиот градоначалник, нека почива во мир!
За жал меѓу загинатите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ која се случи доцна ноќеска е и 27 годишниот Газменд У. од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Б од Тетово.
Газменд заедно со својата вереница славеле роденден во Инстанбул.
Оваа трагична вест за смртта на Газменд во телефонски разговор за Телевизија Телма ја потврдил градоначалникот Дехари, кој изрази длабоко жалење за оваа голема трагедија.
Инаку Укали бил член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година, како чесен и одговорен работник, пример за амбициозен и млад човек од благородно семејество.
Другар Гаги, почивај во мир!
Извор: Телма ТВ.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп1 денМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
-
Кичево2 денаПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
-
Здравје и убавина2 денаПијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив
-
Скопје2 денаЛишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
-
Култура2 денаДенеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават
-
Хороскоп3 часаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија11 часаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
