Хроника
Шок и неверување, тажно утро, во автобуска несреќа загинаа 45 македонски државјани, во загинатите има и деца

Според последните информации, 45 лица загинаа откако рано утрово се запали автобус со македонски регистерски таблички на автопат во западна Бугарија.
Началникот на Секторот за противпожарна заштита на бугарското Министерство за внатрешни работи Николај Николов изјави дека меѓу загинатите има и деца.
Седум лица со изгореници се пренесени во болница во бугарската престолнина Софија, изјави Николов за приватната телевизија БТВ, пренесува Ројтерс.
– Автобусот со 52 лица се движел по автопатот Струма од Софија до Благоевград на југозападот на земјата, а несреќата се случила околу 2 часот на излезот за Бошнек, на околу 40 километри јужно од Софија, јави телевизијата БТВ. веб-страница.
Васко Пиргов, кој работи во Перник во Окружната служба за безбедност, за бугарската државна телевизија изјави дека во 3.04 часот добил сигнал дека се случило нешто на автопатот „Струма“ и дека во 3.30 часот бил на местото на несреќата.
– „Веќе имаше колона од возила, но со добра организација полицијата од Перник се проби до автобусот, како и противпожарно возило. Се молев да има што помалку жртви, но брзо разбрав дека има многу загинати, рекоа можеби над 40 души – шокантно“. Според него, огнот во автобусот избувнал кај предната десна гума.
– Автобусот се движел со брзина од 100 км на час. Истрагата ќе каже што е причината, но првично мислам дека огнот избувнал во предниот дел на автобусот“, вели Пиргов, кој е експерт-инженер за мотори со внатрешно согорување.
ФОТО: printscreen/video
Хроника
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С. (65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.
Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, истакна МВР.
Хроника
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните:
на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ.
Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале .
Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.
Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот ( според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).
Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако истата не ги добила , се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што истата видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзвива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг.
Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг.
Откако во 21:20 часот истата го пријавува настанот во ОВР Прилеп. Веднаш полициски службеници се упатуваат кон куќата на ул „Стеван Апостолоски” во Прилеп и по пристигнувањето на наведената адреса да извршат проверка по пријавата, во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш било стапено во контакт со јавен обвинител, по што била издадена наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот према нив пукано е од огнено оружје на ул.„Стеван Апостолоски“, за да по кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош Прилеп каде од страна на доктор била констатирана смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.
На 13.07.2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.
Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција, истакна МВР.
-
Кичево21 час
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника24 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Македонија2 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија19 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет16 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!
-
Хроника2 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот