Хроника
Меѓу загинатите во автобуската несреќа има и кичевчанец дел од кабинетот на кичевскиот градоначалник, нека почива во мир!

За жал меѓу загинатите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ која се случи доцна ноќеска е и 27 годишниот Газменд У. од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Б од Тетово.
Газменд заедно со својата вереница славеле роденден во Инстанбул.
Оваа трагична вест за смртта на Газменд во телефонски разговор за Телевизија Телма ја потврдил градоначалникот Дехари, кој изрази длабоко жалење за оваа голема трагедија.
Инаку Укали бил член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година, како чесен и одговорен работник, пример за амбициозен и млад човек од благородно семејество.
Другар Гаги, почивај во мир!
Извор: Телма ТВ.
Хроника
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро

Во тек е потрага по телото на 14 годишник кој се удавил во водите на Беровско Езеро. Екипи на ОВР Берово се на местото на несреќата, каде повеќе од еден час го пребаруваат теренот околу Беровско Езеро.
Телото на младото момче се уште се бара во водата, а се очекува во секој момент да пристигне и нуркачка екипа, пренесуваат нашите медиуми, додека повеќе информации очекуваме во текот на денот..
Хроника
Тага до небото во семејството на светскиот „ас“ Роналдо

Роналдо и неговата сопруга во октомври ја известија јавноста дека чекаат близнаци, додека вчера ѕвездата во светскиот фудбал ја шокираше јавноста дека нивниот син починал, а ќерката преживеала во очигледно, предвременото породување.
– Со најдлабока тага мораме да ве информираме дека нашето мало синче почина. Тоа е најголемата тага што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Ние сме уништени од оваа загуба и љубезно ве молиме за приватност во овие тешки моменти. Нашиот мал син, бебе … нашиот ангел. Ние секогаш ќе те сакаме.
– Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез“, се наведува во соопштението што го потпишаа и го објавија на социјалните мрежи.
Хроника
Вчера кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело

На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство.
Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Кичево2 дена
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Занимливости23 часа
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Временска прогноза23 часа
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите