Македонија
„Ден на жалост“ денес, утре и задутре поради автобуската несреќа во која загинаа најмалку 45 македонски државјани

Денес, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток) се прогласени денови на жалост поради автобуската несреќа во Бугарија. Во тој период се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.
Сообраќајната несреќата се случи ноќва на патот „Струма“во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски државјани, од нив 12 се малолетни лица.
Македонија
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит.
Македонија
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.
Македонија
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300 евра. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција.
Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Без категорија2 дена
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Социјални мрежи2 дена
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Временска прогноза5 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија2 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Магазин4 часа
Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!