Македонија
Починаа уште 9 лица, вкупно 490 нови случаи на Ковид-19 денеска

Во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 209
• Битола – 42
• Прилеп – 33
• Кавадарци – 30
• Велес – 18
• Куманово – 17
• Ресен – 16
• Берово – 14
• Кочани – 12
• Гевгелија и Делчево – по 10
• Тетово и Штип – по 8
• Струмица и Крива Паланка – по 7
• Радовиш – 6
• Кичево и Богдаци – по5
• Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4
• Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3
• Струга и Виница – по 2
• Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1
Регистрирани сe 484 оздравени пациенти од:
• Скопје – 233
• Битола – 37
• Куманово – 28
• Кочани – 22
• Велес и Гевгелија – по 19
• Кавадарци – 18
• Штип – 17
• Охрид – 15
• Тетово – 11
• Струмица и Пробиштип – по 9
• Кичево – 8
• Неготино – 7
• Каратово – 6
• Свети Николе – 5
• Радовиш – 4
• Ресен и Богданци – по 3
• Струга и Демир Хисар – по 2
• Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: По 3 починати лица од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), 2 починати лица од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61г, од ) кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281
Македонија
Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Македонија
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 34-та година, самостојна и независна Македонија!“
Македонија
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
-
Кичево1 ден
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево1 ден
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Музика4 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево10 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт7 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!