Кичево
На градскиот плоштад во Кичево за Бадник ќе се пеат Бадникови каланди

Почитувани кичевчани, на ден 06.01.2022г., во 11ч. на градскиот плоштад во Кичево пред пештерата на Христовото Рождество, ќе бидат изведени древни бадникарски песни, таканаречени каланди, од страна на византискиот хор при нашиот градски храм св. Петар и Павле – Кичево, во придружба на традиционални инструменти.
Хорот е неодамна основан и еве, за скоро време ќе го наврши и својот прв јубилеј, односно една година од своето постоење. Брои околу триесет членови на различни возрасти, но сплотени во верата, и заедничкото минато на источното традиционално црковно византиско пеење.
Одговорни за овој хор се тројца дипломирани теолози и псалти кои со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј успешно ги завршија дипломските испити по византиска црковна музика во Атина, и се стекнаа со звањето протопсалти.
Покрај активното учество на неделните богослужби при гореспоменатиот храм, хорот со голема радост ги прифати поканите и зеде учество и на празничните богослужби при црквата свети Георгиј во Лазарополе, во манастирите света Богородица – Пречиста – Кичево, свети Наум – Охрид и други.
Кичево
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево.
Подетални официјални информации за материјална штета и за повредени лица во несреќата немаме, но како што стигнуваат вести, неофицијално од за сега не релевантни извори од терен се шпекулира дека едно лице има подлегнато на повреди, како последица на случката.
– Очевидци кои се на лице место за Порта.мк сведочат дека патот кој води до блокот на Ламели каде бил несреќниот случај е привремено затворен за сообраќај, додека на терен се излезени Медицински екипи на ЈЗУ Општа Болница, ТППЕ Кичево и Полициски екипи при ОВР Кичево.
Подетални информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста позната помеѓу јавноста и Кичево. Иако во барањата на организацијата беше да излезат надлежните и да кажат за проблемот и за евентуалното решение, не се случи ништо од тоа.
Во продолжение целосниот говор на Бојан Мишкоски – еден од организаторите на протестот.
Репортажа на колегите од „ТВ21“:
Репортажа на колегите од „МРТВ“:
Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: ☎️ 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095 ☎️
Среќен роденден и успех понатаму!
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија20 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода
-
Хроника3 часа
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот