Кичево
(ВИДЕО) Христовата радост низ каландите во изведба на хорот при црквата св. Петар и Павле – Кичево

Се ближи денот на Христовото Рождество. Насекаде радосно исчекување. Вистинско веселие во душите на сите. Народот секогаш се радувал и пеел и никогаш не престанал да Го воспева и да го слави Бога.
По тој повод, во оваа Дебарско-кичевска епархија, возглавена од почитуваниот митрополит г. Тимотеј, по желба и иницијатива на Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски, г. Партениј, пред скоро една година беше основан хор по источно црковно и традиционално пеење. Истиот тој, сакајќи да ја сподели со сите претстојната радост за Рождеството Христово, во соработка со студиото „Mini musician production“ на истакнатиот музичар и професор нашиот пријател Бојан Ѓошиќ, фотографот Саше Лазарески и неговото студио „Media Centar/Медиа Центар“ во соработка и медиумско покровотелство на нас ПортаМК не почестија, компонираа и снимија дел од таканаречените каланди, песни кои по обичај се пеат особено во периодот на празниците Божик, Василица, Богојавление и други.
Уживајте во прекрасната најава, се гледаме утре во 11:00 часот кај најубавиот украс на градскиот плоштад во Кичево
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Автомобили1 ден
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили1 ден
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин1 ден
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Кичево4 минути
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско