Кичево
Познато времето на почеток на манифестацијата по повод Богојавление Водици во Кичево и положување на светиот Крст

Утре на ден 19.01.2022 среда, по завршувањето на Литургијата во градскиот храм св.Петар и Павле ќе се направи литија до градскиот базен и ќе се изврши традицијата со спуштање на чесниот Крст во 10:30 часот и осветување на водите по извршување на Големиот Богојавленски водосвет. Имено сите кои сакаат да присуствуваат на традиционалната манифестација добро би било да бидат присутни од 10:20 часот.
Се замолуваат сите оние кои ќе присуствуваат на овој чин да ги почитуваат мерките за време на корона, а тие коишто се заинтересирани да го фаќаат крстот можат да се пријават во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево и да присуствуваат на Светата Божествена Литургија затоа што само така ќе покажат дека се навистина достојни за земање учество во овој свет чин.
Што се однесува до оваа манифестација во Кичево низ времето, со помош на богата наша архива и почитуваните од Кичевската Парохија, се потрудивме да направиме листа и потсетување со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..
- 199* Никола Петрески
- 1996 Злате Матески
- 1997 Златко Богданоски
- 1998 Раде Мисајлески
- 2010 Јовица Тренески
- 2011 Синиша Стојаноски
- 2012 Даниел Симоноски
- 2013 Бобан Стефаноски
- 2014 Тане Србиноски
- 2015 Дени Дамчески
- 2016 Дејан Момироски
- 2017 Дарио Вренцоски
- 2018 Кристијан Врапчароски
- 2019 Христијан Митрески
- 2020 Кристијан Врапчароски
- 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот
За многу години!
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево1 ден
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево20 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Култура1 ден
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Хроника3 часа
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Скопје2 дена
СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар
-
Спорт2 дена
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година