Следете не

Гејминг

Знаеме кога ќе биде објавена следната експанзија на World Of Warcraft

Објавено пред

на

Blizzard објавува нова содржина за World of Warcraft во април.

Помина нешто повеќе од една година откако Blizzard го објави проширувањето на Shadowlands за својот World of Warcraft MMORPG, што значи дека е време компанијата да се подготви за ново проширување на популарната игра.

Blizzard сега објави дека следната експанзија за World of Warcraft ќе биде претставена на 19-ти април. Засега не се познати многу детали, а засега е познат само датумот на објавување.

„Тимот за развој на World of Warcraft ќе го претстави следното проширување на 19 април. Возбудени сме што ќе ви покажеме на што работевме и каде ќе водат вашите авантури на Azeroth. Дотогаш, се надеваме дека ќе уживате во Eternity’s End, актуелната содржина надградба и најновите херои на Azeroth се поканети во оваа интригантна нова земја на Zereth Mortis за да ги спречат напорите на Jailer и да го спречат да ја промени реалноста што ја знаеме“, се вели во соопштението на Blizzard.

Не е познато како Blizzard планира да ја подобри приказната, врз основа на актуелната тема каде Jailer е еден од најголемите негативци во играта досега.

/b92.net/

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Гејминг

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/rockstargames

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.

– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.

Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300...

Спорт5 часа

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот...

Македонија6 часа

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности...

Временска прогноза6 часа

Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (17 октомври)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија1 ден

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

Технологија1 ден

„Google Wallet“ добива нова функција која ќе го олесни користењето на дигиталните пропусници, картички за лојалност и билети

„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети...

Здравје и убавина1 ден

Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината...

Македонија2 дена

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (16 октомври)

ОВЕН Пријател или роднина на Овните може да предложи пократко патување, но периодов не ви е дозволено ниту да одите...

НАЈЧИТАНИ