Следете не

Свет

Европа го нема видено ова од Втората светска војна: 2 милиони луѓе ја напуштија Украина

Објавено пред

на

Бројот на бегалците кои бегаат од Украина достигна 2 милиони, соопштија Обединетите нации. Како што се наведува, ова е најбрзиот егзодус што Европа го видела од Втората светска војна.

„Денес одливот на бегалци од Украина достигнува 2 милиони луѓе. 2 милиони луѓе“, напиша Филипо Гранди, Високиот комесаријат на ОН за бегалци, на Твитер.

Гранди на прес-конференција рече за споредба дека за време на војните на Балканот во Босна и Косово се евидентирани два до три милиони бегалци, во период од осум години, пренесува Тimes of Israel.

„Иако другите делови на светот веќе го виделе ова, тоа е првпат во Европа да се случи по Втората светска војна“, рече тој.

Покрај тоа, непознат број луѓе се раселени во границите на Украина.

Гранди додаде дека вториот бран бегалци од Украина веројатно ќе биде поранлив од првиот бран, пишува Дојче веле.

„Ако војната продолжи, ќе почнеме да гледаме луѓе кои немаат ресурси и врски“, рече тој на конференцијата во Осло.

„Тоа ќе биде сложена ситуација за европските земји во иднина“, додаде тој.

Тој посочи дека ќе биде потребна „уште поголема солидарност“ во Европа и пошироко.

Во вторникот беа отворени коридори кои овозможуваат безбедно евакуација на цивилите од неколку украински градови, соопшти руското Министерство за одбрана.

/nova.rs/

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје6 часа

Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Временска прогноза15 часа

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (9 јули)

Овен  Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку...

Кичево1 ден

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на...

Магазин1 ден

Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката...

Магазин1 ден

YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите,...

Lifestyle1 ден

Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии на стомакот, чувството на тежина и надуеноста – а немате време за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје2 дена

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

НАЈЧИТАНИ