Временска прогноза
Од утре сончево и топло со значително посвежи утра, нов бран дожд се очекува идната недела

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа во следните неколку денови времето ќе биде сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и на средината од неделата истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски за Еспресо.мк
Ново заладување на времето, како и врнежи се очекуваат кон крајот на работната недела.
Временска прогноза
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија

Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).
И во Скопје и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
– Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, истакна Славчо Попоски
-
Автомобили2 дена
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (12 октомври)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (13 октомври)
-
Временска прогноза17 часа
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија
-
Македонија2 часа
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт7 часа
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“
-
Македонија4 часа
МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци