Спорт
(ВИДЕО) Што се случува во ПСЖ, публиката на денешниот меч најгласно ги исвирка Нејмар, Меси и Вајналдум, аплаузи само за двајца?!

На денешниот меч на ПСЖ против Бордо кој заврши со 3:0 за домаќините на самиот почеток додека следеше најава на домашната екипа, публиката бурно реагираше на неколку имиња. Имено најгласни свирежи имаше за Меси, Нејмар и Вајналдум. Освен ова, имаше и навредливо скандирање кон Нејмар, кого го нарекоа дури и ку*вин син.
Прашањето е што се случува, заврши ли љубовта кон најдобрите засилувања во ПСЖ? Единствено за Мбапе и Нуњо Мендеш публиката аплаудираше без престан…
– Стрелци на головите за големата победа на ПСЖ беа, Мбапе во 24 минута, па исвирканиот Нејмар за 2:0 погоди во 52-та минута, за конечните 3:0 да ги заокружи Парадес во 61-та минута.
Погледнете головите како и моментите на свирежи и преку видео записите во продолжение:
Les joueurs du PSG sifflés à l'annonce de la composition des equipes, à l'exception de Kylian Mbappé applaudi. #PSGFCGB pic.twitter.com/NByIWABOzn
— Stéphane Tan (@StephaneTan12) March 13, 2022
Neymar & Lionel Messi are being booed & whistled at the Parc des Princes in the early minutes of PSG's match against Bordeaux.
The Virage Auteuil chant in Spanish, "Neymar, hijo de p*ya!"
English: "Neymar you son of a b*tch!" 😬#PSG #PSGFCGB #Ligue1pic.twitter.com/OirepXlfz2
— Bryan Hernandez ✍️🎙️⚽ 🇺🇸 (@realbryhrndz) March 13, 2022
ФОТО: printscreen/video twitter
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Кичево1 ден
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево14 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија12 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Македонија2 дена
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија2 дена
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (9 октомври)