Кичево
Во Кичево „Рурална Коалиција“ одржа тркалезна маса за заштитата и мониторингот врз човековите права

Во соработка со проектот “Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во нашата држава, како и локалното здружение за родова еднаквост “Еманципирана Жена“, Рурална Коалиција во Кичево одржа тркалезна маса на која што се иницираше дебата кои практики и механизми може да се применат во насока на унапредување на практикувањето, заштитата и мониторингот врз човековите права на локално ниво вклучувајќи ги тука и руралните средини
Како поттик за дебатата беше емитувањето на документарната емисија 8: „Родова еднаквост – улогата на жената во општеството„ снимена во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ“.
На дебатата преовладуваше ставот дека еднаквоста на локално ниво ја уживаат и мажите и жените и дека единствениот критериум врз основа на кој што треба да се прави разликата или селекцијата е способноста, капацитетите на личноста и способностите
Сепак беше исто така нагласено дека потребни се унапредувања на системот кои ќе им овозможат и на младите девојки и жени да се надоградуваат како од аспект на мајки и родители, така и од аспект на градење на кариера и активен работен живот
Институциналните механизми за заштита од дискриминација и понатаму остануваат непрепознаени на локално ниво, а исто така како една од бариерите кои што беа споменати беа традиционалните норми и стереотипи за улогата на жената во општеството, а беа наведени и разликите во платите за иста функција кои што повеќето ги увиделе во приватниот сектор меѓутоа сеуште никој не реагира и не превзема ништо за таквата состојба Флексибилноста, соработката, разбирањето на улогата на жената и во домот, но и на работното место, поддршката и од семејството но и од системот се единствениот начин за практикување на родовата еднаквост во секоја сфера на општественото живеење.
Ваквите тркалезни маси ќе се организираат во 12 различни градови, а истите се финансирани во рамките на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Македонија“ финансиран од Европската Унија
Кичево
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
-
Кичево2 дена
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија1 ден
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили2 дена
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Магазин2 дена
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос