Гејминг
Со мега „update“ пристигна мега популарната „Call of Duty – Warzone“ сезона 3. Ова се сите новости за оваа игра

Огромното ажурирање на Warzone е веќе спремно, а третата сезона е пред нас. Activision ја истакна најновата сезона 3 и знаеме што е со нејзиниот мегапопуларен battle royale. Вклучувајќи ги и Гоџила и Кинг Конг, во она што ветува дека ќе биде мамутска битка во Пацификот.
Иако според нас „Caldera“ не ја оствари посакуваната цел на креаторите и повеќето играчи ја бараат Verdansk назад, сепак вреди да се испробаат новостите од Сезона 3.
Како и со започнувањето на секоја нова сезона на Warzone, на врвот на вашата агенда треба да биде избегнувањето на брзо играње до гулагот, второ на листата е да открие какви се промени доаѓаат на пацифичкиот остров Калдера.
Третата сезона на Warzone се нарекува „Класифицирани оружја“ и воведува ново оружје за да го поддржи тоа име. Сепак, дали тие ќе бидат од голема корист против преголемите закани е големо прашање.
Ако сакате да преживеете и да ги надминете предизвиците што ви ги фрла Третата сезона на Warzone, очекувајте ново ниво на плен и шут.
Сите новости, нови оружја, фиксови, локалитети во Калдера мапата може да прочитате ТУКА
Гејминг
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.
Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“
Како започна конфликтот?
-
Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.
-
Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.
-
Apple остана без вообичаената провизија од 30%.
-
Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.
Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.
Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.
Извор: Engadget
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
Гејминг
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.
– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.
Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија24 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија23 часа
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет7 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди