Временска прогноза
Конечно стабилизација и потопло време, ова се најновите метео детали

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална, повремено и позначителна облачност. Во попладневните часови локално и тоа особено во планинските региони ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе бидат уште малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево1 ден
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (8 јуни)
-
Македонија7 часа
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Спорт1 ден
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Спорт7 часа
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!