Кичево
Република 96250 со уникатна музичка програма овој викенд

Петокот (13.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од нашиот DJ Robotnix со почеток во 21:00h (Second floor).
Уживателите на добрата блуз музика и на свирките во живо, сигурно имале можност да присуствуваат на одличните журки на Crossroad Blues Band.
Прилепчаните кои веќе 20 години ја пропагираат блуз идеологијата, го подготвуваат нивниот трет по ред студиски албум, а во меѓувреме активно настапуваат низ градовите во Македонија, но и на Балканот.
Оваа сабота (14.05.2022) во Република 96250 само за вас Crossroad Blues Band со почеток во 21:30h
Кичево
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот кон ниска вегетација и деградирана шума.
Благодарение на брзата координација со Територијалната противпожарна единица Кичево истиот бил изгаснат за кратко време, предмалку информираше за јавноста – ЦУК.
Кичево
(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите – со една цел, да ставиме крај на тишината за интимно партнерското насилство, вели г-ѓа Фиданоска.
– Организиран од „Саншајн Кидс“ завршниот настан понуди IPV Toolkit – првата алатка од жени за жени, што нуди јасни чекори за излез и поддршка.
– Панел-дискусија со инспектор од ОВР Кичево отвори врата кон институционална соработка. Две силни видео-пораки на присутните им дадоа до знаење за важноста да се зборува гласно
Марија Станојоска, професорка по музика, ја подигнува свеста,
а Ирена де Сомер, македонка-уметница, мајка и преживеана од ИПВ, сподели дел од себе со своето сведоштво.
Во продолжение на #BEHERVOICE иницијативата овие две дами и Саншајн Кидс продолжуваат со активности– за уште погласна борба.
Ова не беше обичен настан. Ова беше почеток на движење.
#BeHerVoice продолжува – за секоја жена не биде слушната.
Настанот преку фотографија ви го пренесуваме во целост:
Кичево
Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот

Група граѓани од Кичево за утре 1-јуни најавија мирен собир во знак на почит на владиката Партениј.
Во натпис на нивната официјална фан страна истакнаа дека не смее на овој собир да се фрла темна слика дека собирот има негативна порака, односно дека е против новоназначениот монах, напротив собирот ќе биде исклучиво за 30 годишното монашко служење на Отец Партениј, обединување на народот, помагање, за кој сведочат многу луѓе, за да се слушне гласот од народот, за неговите дела, а гласот на народот е дека треба да има и Втор кандидат а тоа е Игуменот на Бигорскиот Манастир, старецот Партениј.
– Собирот според изворот е закажан за утре (недела) 1 јуни во 19:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (3 јуни)
-
Македонија1 ден
Алармантно: Дури 21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај санкционирани во Македонија!
-
Македонија1 ден
Малолетници вчера биле тешко повредени откако паднале од мотор, апел за големо внимание!
-
Спорт1 ден
Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место
-
Хороскоп40 минути
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Македонија8 часа
(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта
-
Македонија9 часа
МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство