Македонија
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат непроменети

Горивата во Македонија од ноќеска ќе имаат нови цени, денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на нафтените деривати ќе биде следната:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.
Македонија
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците

Со денешното ѕвонче во училиштата, официјално стартува учебната 2025/2026 година, во која ќе учествуваат околу 245,000 ученици – 177.800 во основното и 67,200 во средното образование. Според податоците што досега ги собра Министерството за образование, во прво одделение ќе седнат 17,250 деца, а во средните училишта како бруцоши се запишани 17,230 ученици. Сепак, овие бројки сè уште не се конечни, бидејќи училиштата продолжуваат да доставуваат извештаи.
Учебната година ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите кај кои наставата завршува на 15 мај. Сите ученици ќе добијат учебници, а по пауза од седум години повторно ќе бидат достапни и книги по странски јазици. Новина е и тоа што средношколците ќе имаат можност да користат образовни асистенти, а вештачката интелигенција ќе се интегрира и ќе биде дел во наставата.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на вчерашната прес-конференција истакна дека условите за учење во многу училишта се подобрени. Според неа, посебен акцент е ставен на инклузивноста, преку ангажирање на поголем број асистенти во основните училишта и првпат во средното образование.
Во наставниот процес првпат ќе се применува и систематски подготвен прирачник за користење на вештачката интелигенција, наменет и за наставници и за ученици. Тој содржи јасни насоки како технологијата да се користи етички и продуктивно во образовни цели.
Ова е втора учебна година по ред во која сите ученици почнуваат со обезбедени учебници. Сосема нови изданија има за седмо одделение и за прва година во гимназија, како резултат на новите наставни програми. По долг прекин, повторно се враќаат учебниците по англиски, француски, германски и италијански јазик, при што најголемиот дел од тиражот веќе е испорачан.
Нова практика од оваа година е и модернизираниот електронски дневник, кој овозможува наставниците во секое време да внесуваат податоци.
Македонија
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, извести АМСМ.
Македонија
ЦУК: Еден пожар активен, два под контрола и изгаснати дваесет пожари на територијата на Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија има вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 20 пожари.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (висока шума);
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Штип: с. Судик (стрниште);
2. Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација);
3. Општина Куманово 1: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација);
4. Општина Куманово 2: с. Бедиње (ниска вегетација);
5. Општина Теарце: с. Пршовце (ниска вегетација);
6. Општина Гостивар: с. Симница (ниска вегетација и ѓубре);
7. Општина Крушево: влезот на Крушево (депонија);
8. Општина Долнени: с. Гостиражни (ниска вегетација);
9. Општина Кривогаштани: с. Пашино Руфци (стрништа, ролни со слама);
10. Општина Охрид: ул. Железничка (ниска вегетација);
11. Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и стрниште);
12. Општина Битола: с. Велушина (сува трева и сено);
13. Општина Свети Николе: с. Бориловци (ниска вегетација);
14. Општина Кочани: с. Оризари (сува трева и гранки);
15. Општина Врапчиште: с. Топлица (ниска вегетација и ѓубре);
16. Општина Струга: с. Враништа (стрниште);
17. Општина Василево: с. Доброшинци (запалена депонија);
18. Општина Кочани: с. Оризари (стрниште);
19. Општина Чучер-Сандево: с. Горно Блаце (сува трева);
20. Општина Липково: с. Отља (сува трева).
Извор: ЦУК
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп20 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Македонија10 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар