Следете не

Свет

Alibaba отпушта 40% од вработените во Русија

Објавено пред

на

Alibaba отпушта 40% од вработените поради војната во Украина.

AliExpress Russia е заедничко вложување започнато во 2019 година од страна на Alibaba и руски партнери. И додека оваа компанија растеше за време на пандемијата, војната во Украина донесе многу проблеми. Трговската стапка е значително намалена поради бројните санкции наметнати на Русија и руските компании. За да ги намали трошоците, Alibaba отпушта 40% од вработените во Русија.

Одреден број вработени ја напуштија компанијата доброволно, додека голем број вработени се соочија со отказ. Alibaba не даде никаква изјава за јавноста или вработените. Така, другите вработени не знаат дали да очекуваат нов бран на отпуштања. Најзагрозен сектор од отпуштања е комерцијалниот сектор.

Извор: Indianexpress

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (18 октомври)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Македонија12 часа

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300...

Спорт14 часа

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот...

Македонија15 часа

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности...

Временска прогноза16 часа

Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (17 октомври)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија1 ден

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

Технологија2 дена

„Google Wallet“ добива нова функција која ќе го олесни користењето на дигиталните пропусници, картички за лојалност и билети

„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети...

Здравје и убавина2 дена

Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината...

Македонија2 дена

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

НАЈЧИТАНИ