Временска прогноза
Викенд прогноза: Локално невреме па одново спарно и тешко

За време на овој викенд, под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса, времето ќе биде особено нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во текот на утрешниот ден истите ќе опаднат за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.
Во Скопје и околината овој викенд времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 28 степени, додека утре истата ќе биде за еден степен пониска и ќе се искачи до околу 27 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, во следните денови времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност. Што се однесува до температурите тие, особено од вторник ќе бележат тенденицја на позначителен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да надминат 35 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека викендов Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.
Временска прогноза
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени, извести метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.
Во ваква ситуација во Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за локална појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во четврток (11 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.
Што се однесува до температурите тие во четврток (11 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината во четврток (11 септември) максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 септември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (13 септември)
-
Хроника1 ден
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени
-
Свет1 ден
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес
-
Скопје1 ден
СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови
-
Магазин1 ден
Промената што ја чекавме со години пристигна на Spotify
-
Автомобили1 ден
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“
-
Lifestyle1 ден
Работи што генерацијата Z не сака да ги работи