Кичево
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема

Почитувани читатели, најблиските и мештаните активно трагаат по исчезнатото лице И.К. (52) од с.Вранештица – кичевско. Како што не информираат најблиските И.К. е последно виден утрото на 26.06.2022 облечен со сино-црна маица со кратки ракави и сини фармерки, потоа му се губи секаков траг и не е вратен во својот дом.
Доколку некој има било каква информација или го видел 52-годишникот, нека пријави во најблиската Полициска станица, претходно портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски истакна преку медиумите дека лицето И.К. се оддалечил од домот на 26.06 во 09:50ч.
– На 26.06.2022 година во 09,50 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека И.К.(52) од кичевското село Вранештица се оддалечил од својот дом. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Фотографијата е со согласност од најблиските од исчезнатото лице, со цел полесно идентификување и препознавање доколку некаде се забележи.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје21 час
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза1 ден
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Временска прогноза4 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Lifestyle29 минути
5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?
-
Lifestyle24 минути
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена