Временска прогноза
Денес стабилно и сончево, од среда пеколни температури – ова се најновите метео вести

Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени, додека од среда, а особено од четврток па натаму ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Тогаш максималните дневни температури насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40 степени.
Локално во овие предели температурите ќе надминуваат дури и 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
Во Скопје и околината времето денес, како и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 33 степени, додека особено од четврток истите ќе надминуваат 35 степени.
НАПОМЕНА: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури кој се очекуваат во следниот период, и тоа особено од четврток па натаму, препорачуваме да внимавате на природата и да избегнувате движење во шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на пожари, за Еспресо вели Попоски.
Временска прогноза
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.
Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
-
Временска прогноза12 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија19 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт9 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје24 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили8 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот