Спорт
Забранет пристап за Ѓоковиќ на „US Open“ поради фактот дека тој не бил вакциниран, турнирот останува без трикратниот шампион
Најдобриот светски тенисер, србинот Новак Ѓоковиќ потврди дека годинава нема да учествува на УС Опен. Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека не патува во Њујорк бидејќи поради тоа што е невакциниран странец нема право да влезе на територијата на Соединетите Американски Држави.
Поради фактот што не бил вакциниран, не смеел да стапне на територијата на САД, а и покрај силната кампања да му се дозволи да настапува, единствената опција била да добие медицинско ослободување.
Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден (или тој лично) беше единствената можност која можеше да му даде дозвола на српскиот играч, но тоа не се случи и турнирот во Њујорк остана без трикратен шампион.
Sadly, I will not be able to travel to NY this time for US Open. Thank you #NoleFam for your messages of love and support. ❤️ Good luck to my fellow players! I’ll keep in good shape and positive spirit and wait for an opportunity to compete again. 💪🏼 See you soon tennis world! 👋🏼
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 25, 2022
Ваквото сценарио би можело да се навести откако челниците на турнирот објавија изјава во која пишува дека ќе ги применуваат здравствените и безбедносните протоколи кои се утврдени за борба против коронавирусот.
Ѓоковиќ со тоа нема да има можност да се бори за 22. трофеј од најголемите турнири и да се обиде да го израмни рекордот кој моментално го држи Рафаел Надал.
Напорно тренираше и се подготвуваше во Белград и Црна Гора, но на крајот ќе ја пропушти целата турнеја низ Америка.
Моментално шестиот играч на АТП-листата ќе загуби 1.200 поени бидејќи пред 12 месеци стигна до финалето каде загуби од Данило Медведев. Тоа значи дека го чека нов пад и би можел да испадне од топ 10 во средината на септември.
Поради неиграњето меѓу српските претставници на „Флешинг Медоус“ остануваат Миомир Кецмановиќ, Филип Краиновиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Александра Круниќ.
Следниот турнир на Новак е групната фаза од финалето на Дејвис купот на 13 септември.
УС Опен се одржува од 29 август до 11 септември и се игра за награден фонд од 60 милиони долари.
/rts.rs
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Кичево5 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот
-
Автомобили1 денКако безбедно да возите во магла: Најважните правила и грешки што мора да ги избегнувате
